Како да препознаете дека сте доживеале топлотен удар и како да си помогнете?

Топлотниот удар е најсериозен облик на повреда во топлите денови кога сте изложени на директно сонце и високи температури, односно во повеќето случаи се третира како итен случај.

kako-da-prepoznaete-deka-ste-doziveale-toploten-udar-i-kako-da-si-pomognete-01.jpg

Група која најмногу страда од топлотни удари се лицата над 50 години, но тоа не значи дека младите и децата се поотпорни.

На топлотниот удар најчесто му претходи чувство дека телото ви гори, исцрпеност и несвестици, а се јавува заради „откажување“ на вродениот механизам за контрола на температурата на телото.

Први симптоми по кои ќе познаете дека сте доживеале или некој доживеал топлотен удар:

  • Внатрешна температура од 40,5 степени
  • Забрзана работа на срцето
  • Главоболка
  • Вртоглавица
  • Чувствителност на светлина
  • Недостаток на пот и покрај жештината
  • Црвенило и сувост на кожата
  • Слабост во мускулите
  • Грчеви
  • Мачнини и повраќање
  • Отежнато дишење и губење на воздух
  • Забрзано дишење
  • Промена во однесување - конфузност, дезориентација или панични напади
  • Несвестица

Прва помош

Ако се сомневате на топлотен удар, веднаш повикајте брза помош. Секое одложување на лекарска помош може да биде фатално.

Додека ја чекате брзата помош:

  • Тргнете се на ладовина
  • Задолжително раскомотете ја облеката, ништо не смее да биде стегнато
  • Пијте течности
  • Пробајте да ја спуштите температурата на телото со ладење на челото, ладни облоги или туширање

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg