6 штетни навики кои не смеете да ги правите по ручекот

За да останете здрави и во добра форма, покрај добрата исхрана, потребно е да внимавате и на тоа што внесувате во организмот после оброците.

6-naviki-koi-ne-smeete-da-gi-pravite-po-rucekot-001.jpg

Ова се неколку навики после оброците од кои мора да се ослободите:


1. Цигари

Една од најлошите работи која можете да ја направите по обилниот ручек е да запалите цигара. Ефектот на една цигара после оброкот е еднаков како да сте запалиле десет цигари истовремено.


2. Овошје

Овошјето ако е внесено на празен стомак веднаш започнува да се вари и токму затоа се препорачува како ужинка, но после обилните оброци тоа останува во желудникот и тешко се вари. Меѓу другото, може да влијае и на појавата на целулит.


3. Чај

Основни материи кои се наоѓаат во чајот се: теинот и танинот. Теинот има ист хемиски состав како и кофеинот. Се врзува за железото во организмот и го отежнува варењето на храната. Токму затоа, најдобро е да го пиете еден час по оброкот.


4. Пливање

Водата ја стимулира циркулацијата на крвта во организмот, а по оброците таа е концентрирана околу желудникот каде се одвива варењето на храната. Токму затоа, потребно е да се воздржите од оваа активност пред храната добро да се обработи во организмот.


5. Физичка активност

Како што е случајот со пливањето, така е и со било која друга физичка активност. Покрај тоа, тешката физичка активност веднаш по оброкот не ги согорува калориите, туку го отежнува варењето и штетно влијае на системот за варење.


6. Спиење

Сонот предизвикува забавување на целокупниот метаболизам. Токму затоа, легнувањето веднаш по оброкот не се препорачува, бидејќи кога се забавува целиот метаболизам системот за варење не може да функционира нормално.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg