Што се случува со вашето тело кога му недостасува сон?

Заспивањето и будењето во приближно исто време секој ден е клучно за вашето здравје, a неколку исклучоци нема да направат голема разлика.

Ako-na-vasheto-telo-mu-e-potrebno-son_-_podarete-mu-go-Ova-se-znacite-koi-vi-gi-prakja-prochitajte-gi-1.jpg

Но, трудете се секојдневно да го запазите овој ред и да ги отспиете барем оптималните 8 часа.

Кога имате недостаток на сон, можни се следниве последици:

Брчки

Во текот на сонот вашето тело ослободува мелатонин, кој што е природен антиоксиданс. Ако не спиете доволно, ќе се создава  помалку од овој антиоксиданс, кој е клучен во борбата против слободните радикали кои се главни виновници за појавувањето на брчките.


Акни

Хормонот на стрес - кортизолот, се накачува со голема брзина кога сте уморни. Освен нервозата, тој предизвикува и воспаление на кожата заради кое потоа се јавуваат акни.


Надуеност

Колку повеќе се зголемува нивото на кортизол, толку повеќе телото ја задржува водата. Најмногу се забележува кај очните капаци затоа што таму кожата е најтенка.


Сува кожа

Недостатокот на сон ја намалува влажноста на кожата и ја прави сува и предизвикува појава на првут.


Вишок килограми

Недостатокот на сон доведува до тоа да телото ослободува премногу грелин, хормонот кој е одговорен за чувството на глад, а истовремено прави да организмот создава помалку летин – хормон кој ни кажува дека сме сити. Така што се јавува двоен проблем околу храната.

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg