Испукани усни, грчеви, трнење... 5 знаци дека во вашето тело се случува нешто сериозно

Телото има свои начини да ви соопшти дека нешто сериозно ви се случува во организмот, па посебно внимание треба да обрнете на овие 5 знаци.

ispukani-usni-grcevi-trnenje-5-znaci-deka-vo-vaseto-telo-se-slucuva-nesto-seriozno-01.jpg

1. Испукани усни

Сувата кожа на устата не само што е непривлечна, туку може да биде знак дека нешто не е во ред. Ако лабелото не помага, тогаш се работи за недостаток на витамин Б, цинк или железо.

Пукнатините на страната на усните најчесто се јавуваат кај вегетаријанците и луѓето кои држат строги диети заради недостаток на протеини.

Решение: Јадете повеќе туна, лосос, јајца, кикирики и мешунки. Железото подобро се апсорбира во комбинација со витамин Ц, па затоа јадете и цитрусно овошје.


2. Опаѓање на косата

Може да се работи за генетика, но може и да е неисправната исхрана. Најчесто се работи за недостаток на витамин Б7 или Ц.

Решение: Јадете повеќе варени јајца, авокадо, печурки, соја, ореви, јагоди и банани.


3. Акни во пределот на рацете, бутовите, образите и задникот

Појавата на овие акни може да биде знак дека покрај недостаток на масни киселини ви фалат и витамини А и Д. Од друга страна, веројатно и сте претерале со шеќерот.

Решение: Јадете повеќе риба, зелен лиснат зеленчук, сладок компир и црвени лути пиперки.


4. Трнење на нозете и рацете

Иако ова може да биде знак дека нешто не е во ред со нервниот систем или циркулацијата, зголеменото внесување на витамини од групата Б може да ви помогне. Сконцентрирајте се на витамините Б9, Б6 и Б12.

Решение: Јадете спанаќ, моркови, шпаргли, јајца, грав и школки.


5. Грчеви во мускулите

Секој спортист ќе ви каже дека се работи за недостаток на магнезиум, калциум и калиум. Оваа честа појава можете да ја намалите со внесување на минерали.

Решение: Редовно јадете банани, бадеми, лешници, вишни, јаболка, брокула и лиснат зеленчук како кељ и спанаќ.

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg