Цел месец пиев кафе навечер: Какви беа последиците?

Повеќето луѓе не можат да си го замислат утрото без кафе, но оваа девојка имала поинаква идеја - што ако денот го заврши со шолја кафе?

cel-mesec-piev-kafe-navecer-kakvi-bea-posledicite-01.jpg

„Затоа што вообичаено пијам многу кафе, не ми беше проблем да експериментирам.

Првите неколку дена не чувствував ништо, затоа што организмот веќе ми беше навикнат на големи количини кафе. Но, после 7 дена ламбата во стомакот се запали. Прво чувствував болка штом станам од кревет. Иако прво помислив дека се работи за глад, сфатив дека имам проблем со желудникот.“

Општо е познато дека талогот од кафето го отежнува варењето, па по третото испиено кафе имате чувство дека нешто ви гори во желудникот.

„Тие мачнини беа поретки кога ќе каснев нешто пред секоја доза кофеин. Одлучив дневно да пијам најмногу 6 шолјички кафе, со нагласок на вечерниот ритуал.

Тогаш почнав да седам будна до 2-3 часот по полноќ. Очекував несоница, но морам да признаам дека од турското кафе дефинитивно таа беше најлоша.“

За разлика од турското кафе, Нес кафето со млеко не делувало, а еспресото кое важи за најсилно, исто така немало некој посебен ефект.

cel-mesec-piev-kafe-navecer-kakvi-bea-posledicite-02.gif

„Една од добрите работи и промени беше тоа што немав главоболки, полесно се будев и имав послаб апетит. Но, веќе во третата недела забележав дека станав зависна. Како децата со млеко, така јас со шолјата кафе пред спиење.

Не можам со сигурност да тврдам, но мислам дека и чувствителноста на промената на климата ми се зголеми.

Иако бев голем љубител на кафето, мислам дека сега ќе одморам. Ќе пијам, но по само една шолја дневно.“

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои ви е срам да ги споделите со лекар, но може да се знак за ректален рак Симптомите како крв во столицата некогаш може да бидат знак за рак на ректумот. ...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg