Колку навистина ви се чисти рацете по миењето? (фото)

Колку сте сигурни дека вашите раце се беспрекорно чисти затоа што добро ги миете? Голема е веројатноста дека тоа го правите на сосема погрешен начин.

kolku-navistina-vi-se-cisti-racete-po-mienjeto-001.jpg

Ефикасното миење на рацете е важно, бидејќи на нив можат да се најдат прилично опасни бактерии како што се: Ешерихиа Коли, Салмонела, MRSA стафилококите и некои вируси како грипот.

Но, што може да се дефинира како добро миење на рацете? Дали станува збор за препорачаното триење од најмалку 30 секунди?

Џени Аг одлучила да ги стави различните типови на миење на рацете под UV светлина и детално да погледне кој тип на миење е најсоодветен и остава најмалку бактерии.

Колку е сината светлина помала, толку е помала и количината на бактерии на рацете.

Пред миење:

kolku-navistina-vi-se-cisti-racete-po-mienjeto-1.jpg


Плакнење и тресење:

Многумина од нас најчесто набрзина ги заплакнуваат рацете со вода и ги протресуваат, но ваквиот начин на миење остава многу бактерии. Најчести се фекалните бактерии. Овој начин на миење посебно се практикува во валканите јавни тоалети или целосно се избегнува, бидејќи имате чувство дека така ќе добиете повеќе бактерии одошто ќе ги отстраните, но случајот е спротивен. Токму тогаш неопходно е да ги измиете рацете.

kolku-navistina-vi-se-cisti-racete-po-mienjeto-2.jpg


6 секунди миење без сапун

Просечното времетраење на миењето раце е во должина од 6 секунди, но истото не е ефикасно при отстранувањето на бактериите. Научниците препорачуваат најмалку 15-ина секунди миење на рацете.

Притоа, важно е добро да ги миете и прстите, а не само поголемите делови од рацете.

kolku-navistina-vi-se-cisti-racete-po-mienjeto-3.jpg


6 секунди миење со сапун

Најважен аспект при миењето на рацете е употребата на сапун. „Сè додека употребувате сапун, тешко дека нема да го отстраните поголемиот дел од бактериите на вашите раце“ – тврди докторот Кертис.

Сапунот не ги убива бактериите, туку ги отстранува од вашата кожа, токму од овој факт нема разлика дали употребувате обичен или антибактериски сапун.

kolku-navistina-vi-se-cisti-racete-po-mienjeto-4.jpg


15 секунди со сапун

Од фотографијата можете да забележите дека колку подолго ги миете рацете, толку се помали површините каде има бактерии.

kolku-navistina-vi-se-cisti-racete-po-mienjeto-5.jpg


30 секунди со сапун

Според најголемиот дел истражувања, миењето на рацете во времетраење од 30 секунди е сосема доволно за сигурно да се ослободите од најштетните бактерии.

kolku-navistina-vi-se-cisti-racete-po-mienjeto--6.jpg


Што е подобро – пешкир или да употребувате фен за сушење на рацете?

Мислењата се поделени во поглед на ова прашање, но едно е важно – неопходно е целосно да ги исушите рацете, бидејќи поголемиот дел од микробите најлесно се пренесуваат на влажни површини, односно на недоволно исушени раце.

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на неч... „Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но нико...
Како да го дезинфицирате домот кога некој од семејството има грип? Откако болниот член на семејството ќе оздрави, препорачливо е да ги замените чет...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg