Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да преживеете еден ден без спиење?

Без разлика дали сте заглавиле претходната вечер на журка или сте работеле до доцна во ноќта, следниот ден сигурно ќе бидете со црвени очи и во лошо расположение.

Kako-da-prezhiveete-eden-den-bez-spienje-01.jpg

Експертите ви нудат решенија како да се справите со наредниот ден кој со сигурност ќе ви биде пеколно тежок.

Ова се едноставни трикови кои може да ви се најдат:

Избегнувајте донесување на големи одлуки

Пред сè мора да сфатите дека не ќе можете да функционирате толку добро како кога имате спиено 8 часа. Еден професор невролог на Универзитетот во Калифорнија, го препорачува токму тоа - да не донесувате важни одлуки, ако не сте спиеле доволно и обемот на работата да го прилагодите на нивото на енергија. Сè што бара концентрација оставете го за следниот ден и почесто правете паузи.


Јадете правилно

Лишувањето од сонот може да ве направи гладни за јаглехидрати, шеќери и калории, но мора да се борите против овој инстинкт.

Истражувањата покажале дека високо протеинските појадоци, како оние што содржат јајца и посно говедско месо се здрава замена за калоричните оброци и ќе ви го стабилизираат нивото на шеќер во организмот. За појадок одберете полесна храна. Избегнувајте пржена храна и енергетски пијалаци, а внесувајте повеќе овошје, цедени сокови, овошни јогурти.


Пијте умерени количини на кафе

Експертите никогаш не посоветувале да се избегнува утринското кафе, туку да се внимава да не претерате. Едно кафе ќе ви помогне побрзо да ги разбудите вашите сетила, но со повеќе кафиња наутро ќе станете нервозни. Кафе треба да пиете во склад со потрошената енергија. Пожелно е попладне да ги избегнувате кафињата за да можете подобро да заспиете навечер.


Внесете природна светлина во собата

Вашиот биоритам диктира кога ќе се чувствувате наспано, а кога не. Затоа, потребна ви е природна светлина во собата каде што спиете. Телото реагира на светлината, очите праќаат сигнали на мозокот дека е време телото да се разбуди затоа што е ден.

Едно истражување на Универзитетот  Нортвест открива дека работниците кои биле изложени на природна светлина спиеле подобро,а со тоа биле и поефикасни при работењето.


Вежбајте

Ако не сте се наспале, обидете се кога ќе станете да вежбате нешто. Јога, брзо пешачење, било што... Вежбањето дава дополнителна енергија, ја зголемува циркулацијата  и ја одржува будноста.


Ако морате, дремнете на кратко

Мислењата за тоа дали треба да дремнувате попладне се поделени.

Некои велат дека, ако сте многу уморни кратка дремка од 20 - 30 минути би била корисна. Подобро е да одморите кратко време отколку да подзаспивате.

Другите пак, велат дека дремката воопшто не е добра, таа лошо влијае на ноќното спиење. Кога спиете попладне, многу тешко организмот може да се привикне на вообичаениот биоритам.

Би можело да ве интересира:

Што е предвремен пубертет, што го причинува и може ли да се спречи? Не секогаш може да се утврди точната причина за предвремен пубертет. Но, препора...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Видови болка кои никако не треба да ги игнорирате, според доктор Болката во стомакот не е невообичаена појава, но кога е многу силна, не поминува...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg