Ситници кои го продолжуваат животот: Дневно пијте по 2 шолји кафе и збогувајте се со луѓето кои ве користат
Секојдневна примена на заштитни креми за лице, неделно вежбање, пребарување на ефективни серуми, одење на разни третмани... Овие битки секојдневно ги водиме за да останеме млади.
Барбара Ботани, невропатолог од Мелбурн тврди дека постојат многу полесни начини кои ќе ни овозможат да ги зачуваме младоста и здравјето. Таа вели дека со намалување на стресот и со секојдневните вежби можете да ја постигнете целта.
Со спиењето нема компромис
Премалку сон може да доведе до проблеми со меморијата, губење на слухот, гнев, висок крвен притисок, депресија и дебелина. За да спиете подобро користете перници направени од природни материјали. Природните материјали подобро ја контролираат влажноста, ја подобруваат циркулацијата и кожата дише слободно.
Не се нервирајте околу малите нешта
Постојат многу работи во секојдневниот живот што предизвикуваат стрес. Неопходно е да процените што е важно, а што не е, и дали е вредно да се грижите околу тоа. Стресот и анксиозноста нема да го сменат исходот, па обидете се да не се вознемирувате околу мали нешта.
Полека со кафето
Дневно треба да консумирате две шолји кафе. За да живеете долго и здраво треба да го задржите нивото на холестеролот во нормални граници.
Насмевнете се
Ова е одличен и лесен начин како да го подобрите вашето расположение. Ќе бидете изненадени од тоа како тоа ќе влијае на вашиот ден.
Станувајте почесто
Долгорочното седење по 25-та година го скратува животот за 22 минути.
Престанете да мислите дека животот е тежок
Емоциите и расположението играат голема улога во нашите животи. Негативните емоции се манифестираат во негативни ситуации во животот. Внесете малку позитивна енергија во секојдневниот живот и работите нема да изгледаат толку лошо.
Отстранувајте ја шминката секоја вечер
Отстранувањето на шминка и овозможува на кожата да дише и да ги воспостави нормалните хранливи процеси. Во спротивно ќе се исуши, ќе се создадат повеќе брчки, а можни се и иритации на кожата.
Вежбајте почесто
Оние кои вежбаат редовно имаат 13% помал ризик од прерана смрт.
Кажете им збогум на луѓето кои ви ја трошат енергијата
Прекинете да се дружите со лица кои сакаат да ве искористат, односно лошо влијаат врз вас.
Автор: М.A. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





