Тајни на вечната младост: 10 навики кои ја одржуваат виталноста

Иако обично бројката на години одредува дали ќе бидете категоризирани како млади или стари, постојат навики кои може да им се спротивстават на цифрите.

tajni-na-vecnata-mladost-10-naviki-koi-ja-odrzuvaat-vitalnosta-001.jpg

Не мора да го менувате животниот стил од корен, доволно е само да се придржите до овие 10 правила кои ќе ви ја откријат тајната на вечната младост:

1. Консумирајте квалитетна храна. Не онаа која им одговара на вашите навики, туку онаа која му одговара на вашиот организам. Храната нека биде секогаш свежа, шарена и по можност органски одгледана и без хемикалии.

2. Храната подготвувајте ја со љубов. Состојбата на умот може сериозно да влијае на вкусот на храната.

3. Аранжирајте ги оброците секој ден како да славите нешто. Приредете си гозба за душата и телото.

4. Храната консумирајте ја со посветеност, во мирна атмосфера и во хармонија. Не ја голтајте храната брзо и не џвакајте нервозно. Отстранете ги негативните мисли, јадете полека и не гледајте телевизија.

5. Не јадете по принципот „да не се фрли“. Јадете умерено, до првото чувство на ситост.

6. Издишете по завршувањето на одморот. Одморете, не скокајте од масата и не започнувајте веднаш некоја активност.

7. Намалете го внесувањето на шеќер и сол. Не користете црвено месо. Користете обработено млеко и млечни производи или билно млеко. Не консумирајте секојдневно слатки и грицки.

8. Рибата и морските плодови се одличен извор на протеини и аминокиселини. Во секоја салата од зеленчук, во житарките или овошните салати, исто така додадете и јаткасто овошје кое е уште еден добар извор на аминокиселини.

9. Во исхраната користете интегрални житарки. Пченичните никулци се одличен извор на селен, а недостатокот на овој минерал го забрзува стареењето. Во комбинација со нив консумирајте и свежо цедено овошје.

10. Навикнете го телото на големи количини зеленчук и овошје. Во нив има доволно билни влакна кои го продолжуваат чувството на ситост. Покрај тоа, свежата храна е добар извор за враќање на свежината и младоста на организмот. Овошјето и зеленчуците се богати со витамини како А, Ц и Е кои го подмладуваат организмот. Некои од нив се и добри антиоксиданси.

Тајната на вечната младост е и здравиот живот кој вклучува весели луѓе кои шират позитивна енергија, прошетки на отворено, физичка активност која ја одржува рамнотежата на духот и телото... Само така можете да ја сочувате виталноста.

Би можело да ве интересира:

Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Пет проблеми со здравјето што се јавуваат во лето (и како да ги избегнете) Промените и проблемите со дигестијата, заедно со сувата кожа, можат да бидат при...
Кои се најчестите видови артритис (и кои симптоми се јавуваат први)? Постојат многу видови артритис, но најчести се остеоартритисот и ревматоидниот а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg