4 видови храна кои ја влошуваат настинката

Како што постои храна која може да ви ги ублажи симптомите на настинка и грип, така има храна која може само да ви ја продолжи болеста.

4-vidovi-hrana-koi-ja-vlosuvaat-nastinkata-01.jpg

Затоа, ако не сакате да одлежите уште еден ден, избегнувајте ги овие 4 работи:

1. Сокови и слатки пијалаци

Сите сокови кои се полни со шеќери предизвикуваат побавна борба на организмот со инфекцијата. Ова важи и за секоја останата храна богата со шеќер, како колачиња, торти, бонбони... Наместо тоа, пијте умерено засладен чај или обична вода. Ако морате нешто да грицкате, одберете овошје.

4-vidovi-hrana-koi-ja-vlosuvaat-nastinkata-02.jpg


2. Млечни производи

Иако можеби сте слушнале дека млекото, јогуртот и сличните млечни производи не создаваат слуз, кај некои луѓе насобраниот секрет во грлото може да го направат погуст и тешко поднослив.

4-vidovi-hrana-koi-ja-vlosuvaat-nastinkata-03.jpg


3. Алкохол

Кога ќе почувствувате дека настинката или грипот ве нападнал, откажете го пијалакот после работа. Алкохолот предизвикува воспаленија кои го прават телото подложно на болести. Дехидратацијата е уште една работа која ви штети. Ако не сакате да се разбудите со температура и ужасен мамурлак, избегнете го алкохолот.

4-vidovi-hrana-koi-ja-vlosuvaat-nastinkata-04.jpg


4. Рафинирани јаглехидрати

Пржените лепчиња и бисквитите се класична храна кога сме болни. Но, тие се уште една грешка. Рафинираните јаглехидрати во нив брзо се претвораат во шеќери и влијаат исто како колачите и засладените сокови. Најдобро е да јадете свеж леб од цели зрна.

4-vidovi-hrana-koi-ja-vlosuvaat-nastinkata-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава