5 знаци дека на вашето тело му треба витамин Ц

Витаминот Ц е состојка која можеме да ја пронајдеме во поголемиот дел од производите кои секојдневно ги консумираме, го има во речиси сите овошја и зеленчуци.

pet-znaci-deka-na-vasheto-telo-mu-treba-vitamin-c-01.jpg

Но, иако го има речиси насекаде, поради лошите животни навики и исхраната сиромашна со хранливи состојки, може да дојде до намалување на количината на витамин Ц во организмот, а тоа да доведе до појава на низа здравствени проблеми.

Овој витамин е од витална важност за нашиот имунитет, за здравјето на коските, а без него телото не може да ги прифати железото и одредени протеини.

Знаци дека ви недостасува витамин Ц:

1. Константно чувство на замор и исцрпеност.

2. Промени во расположението проследени со лутина и нервоза без причина.

3. Пад на имунитетот поради кој телото не може да се бори против вирусите и бактериите кои предизвикуваат инфекции и алергии.

4. Крвавење од непцата и промена на бојата на забите.

5. Појава на модрици без одредена причина.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Десет знаци дека можеби имате недијагностициран проблем со срцето Отечените глуждови можат да бидат знак за проблеми со циркулацијата, додека болк...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg