4 грешки кои ги правите при чистењето на ушите

Секој од нас сака чисти уши, но пред да посегнете по стапчето за чистење на уште, потребно е да знаете како правилно да го употребите за да не си го оштетите слухот.

4-greshki-koi-gi-pravite-pri-cistenjeto-na-ushite-01.jpg

Ушното тапанче и малите коски во средното уво можат многу лесно да се оштетат затоа, докторите препорачуваат да избегнете неколку навики при чистењето на ушите:

1. Редовно чистење

Поголемиот дел од луѓето немаат потреба од редовно чистење на ушите, бидејќи ушите сами по себе се чистат.

Тоа е единствениот дел од човечкото тело каде кожата расте во насока со која нечистотиите се исфрлаат.

Жолтата течност, која уште се нарекува церумен, ја заштитува кожата и спречува увото да се наполни со вода или да се појават габични инфекции или бактерии.

Чистете го само надворешниот дел од увото со влажно марамче.


2. Чистење со стапчиња за уши

Иако сите знаеме дека намената на овие памучни стапчиња е за чистење на ушите, треба да имате на ум дека начинот на кој е дизајнирано памучното стапче, може да ви ги оштети ушните тапанчиња, па затоа, треба внимателно и што е можно поретко да ги употребувате.


3. Чистење со други предмети

Луѓето имаат навика да вметнат речиси се, само за да ги исчистат ушите - најчесто, го употребуваат најмалиот прст.

Било што наликува на стапче за уши исто така, може да го оштети увото. Во најмала рака, ја оштетувате кожата околу ушното тапанче и ризикувате да добиете инфекција.


4. Чистење со шприц

Некои луѓе употребуваат млака вода и шприц за да ги исчистат ушите. Овој метод е посигурен од другите, но најдобро е таквиот начин на чистење да го препуштите на стручните лица.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како се пренесува, колку е опасен – Што треба да знаете за хантавирусот? Според сегашната процена на Светската здравствена организација, ризикот од епиде...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)? За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Што НЕ треба да правите ако патувате за време на топлотен бран (за да не си го расипете одморот)? Со температури над 40 степени Целзиусови, поважно е да ви биде удобно и да не до...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg