Дали газираната вода навистина е штетна за пиење?

Оние кои не сакаат да пијат обична вода, најчесто си купуваат газирана вода за која многумина би рекле дека и те како штети на здравјето.

dali-gaziranata-voda-navistina-e-shtetna-za-pienje-01.jpg

Газираната вода има меурчиња како резултат на поголемата количина на јаглероден диоксид, но подеднакво ја гаси жедта и хидрира како и обичната вода.

Општо познато е дека не е добра за коските и забите

Јаглеродната киселина која настанува при спојувањето на водата и јаглеродниот диоксид може да ја уништи забната глеѓ кога се консумира во многу големи количини. Бидете мирни, убавата насмевка нема да ви биде загрозена освен ако не пиете енормни количини на дневна база. Едно истражување кое имало за цел да открие дали минералната вода ја намалува густината на коските кај жените, не открива поврзаност.

Општо познато е дека дебелее

Факт е дека моментално со голтање на меурчињата можеме да се чувствуваме подуено, но долгорочно, газираната вода ќе ве спречи да јадете преголеми количини, ќе ве направи многу посити од обичната вода, посебно ако ја пиете на празен желудник.

Велат дека предизвикува ждригавица

Ова не е точно. Газираната вода не може да го предизвика овој рефлекс. Ако сте склони кон ждригање тогаш многу подобро е да пиете обична вода, посебно додека јадете. Научните истражувања покажале дека меурчињата можат моментално да ја влошат состојбата, но само ако сте склони кон ждригање.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет симптоми кои можат да бидат знак за проблеми со плодноста (и кога да одите на лекар) Нередовните менструации обично значат и нередовна овулација, а ова може значител...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
5 работи со кои го нервирате вашиот лекар (и си го загрозувате здравјето) Го одложувате одењето на лекар и сами ја прекинувате терапијата без да се консул...
Храна и суплементи што треба да ги ограничите ако примате терапија за хипотироидизам Некои суплементи, како железо и калциум, можат да имаат влијание врз апсорпцијат...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg