Брзи, кратки и едноставни вежби за одличен вид

Сѐ поголем е бројот на лица кои мораат да носат очила или леќи бидејќи нивниот вид е многу ослабен. Иако, генетската предиспозиција е најважниот фактор за нарушувањето на видот, сепак, многу други фактори придонесуваат за негово намалување.

brzi-kratki-i-ednostavni-vezbi-za-odlicen-vid-01.jpg

Секако, драстичната зголемена употреба на компјутери и електронски уреди кои зрачат сина светлина, е еден од значајните фактори, од кои окото не може да се заштити. Може да се каже дека нашите очи се откажуваат од нас поради неквалитетната грижа, и поради тоа често завршуваме со очила или леќи. Но, како и секој мускул на човекото тело, така и нашите очи имаат потреба од редовни вежби за да бидат одморени и на некој начин, поздрави, вели специјалист-офталмолог Викторија Филева од Систина Офталмологија..

Доктор Филева препорачува вежби кои се наменети за очите, помагаат во одмарање и подобрување на фокусирањето, а на тој начин се вежба и фузијата на очите и се зајакнуваат очните мускули.

Златно правило за рекласирање и одмор на вашите очи е 20-20-20, односно на секои 20 минути правете пауза од работата, и гледајте на оддалеченост од 20 метри во времетраење од 20 секунди.

Освен основното правило, ова се неколку едноставни вежби кои може да ги правите секојдневно:

  • Трепкање – Кога работиме пред компјутер и сме длабоко сконцентрирани, многу поретко трепкаме или „забораваме да трепкаме“ и нашите очи се сушат. Просечно една особа треба да трепне 10-14 пати во минута. Пробајте во следните 2 минути да трепкате на секои 3 – 4 секунди. Потоа не трепкајте 30 секунди, во период од 2 минути. Ја забележувате ли разликата? Кога трепкаме, нашите очи се мал период во темнина, а самото трепкање помага во влаженење на очите, го намалува напорот на очите и ја избиструва сликата.
  • Фигура 8 – оваа вежба е наметена за очните мускули и помага во зголемување на нивната флексибилност. Замислете ја фигурата 8 како се наоѓа на 10 метри пред вас. Следете ја полека фигурата, прво само на едната страна по неколку минути, и потоа на другата страна. Можеби на почетокот ќе ви делува чудно, но постепено ќе се навикнете на оваа вежба.
  • Зумирање – За оваа вежба може да го користите вашиот палец, пенкало, молив. Оддалечете го палецот и фокусирајте се на него, и полека оддалечувајте ја раката и полека приближувајте ја. Повторувајте ја оваа вежба уште три пати, еднаш неделно. На овој начин го подобрувате фокусирањето.
  • Покријте ги очите со дланките – Најпрво, истријте ги дланките една од друга за да бидат топли, и потоа ставете ги на очите. Нежно притискајте, и внимавајте, не треба да гледате светлина низ прстите. Кога ќе почнете да гледате само темнина, тогаш тргнете ги дланките. Повторете ја вежбата во рок од 3 минути или повеќе.

Ја воочивте уште веднаш разликата, нели?

Би можело да ве интересира:

Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg