Ланската крема може да послужи и оваа година: Разбиени 5-те најчести летни митови

Постојат многу летни митови, но колку од нив се вистинити? Сите сме чуле за штетноста на влегување во вода со полн желудник или дека раните во солена вода побрзо заздравуваат ама не сме сигурни во точноста на тие информации.

kremata-za-soncanje-od-minatata-godina-moze-da-ja-koristite-i-ovaa-vistinata-za-najgolemite-letni-mitovi-01

Ова се најголемите летни митови и нивните вистини:

1. Потопување на раните во солена вода поттикнува побрзо заздравување

Оваа мудрост која често ја слушаме во постарите генерации не е точна. Вистината е дека постојат рани кои по контакт со солена вода побрзо зацелуваат, но тоа се оние кои бавно зараснуваат, бидејќи се длабоки и нечисти.

Помалите повреди – како оние предизвикани со пад од велосипед, особено кај децата, не е добро да се изложуваат на солена вода затоа што таа го нагризува и отежнува зарастувањето.

2. Заштитниот фактор 30 штити двапати подобро од заштитниот фактор 15

Апсолутно неточно. Кремaтa со фактор 30, секако дека ако го гледаме нејзиниот временски период на делување нема подолго да трае од факторот 15, а SPF 50 нема да трае подолго од 30, но треба да имате на ум дека дури и кога нанесувате крема со заштитен фактор 50 кожата не е максимално заштитена.

Всушност, затоа не треба да се излегува на сонце во критичниот период во текот на денот.

3. Белата маичка може да го замени кремот за сончање

Овој начин го преферираат луѓето со светол тен, но треба да знаете дека белата маичка не е доволна во зачувување на кожата од штетни UV зрачења, па е нужно да се намачкате со кремa со заштитен фактор.

Експертите советуваат дека доколку сепак во времето од 11 до 3 часот, ако се најдете на сонце, задолжително облечете бела маичка – ова особено се однесува на децата.

4. Пливање со полн желудник е штетно

Долго време се сметало за опасно ако веднаш по јадење скокнете во студена вода. Како последица се сметало дека може да имате болки и грчеви во стомакот.

Науката таквата стара мудрост ја отфрла, бидејќи организмот ја вари храната веднаш по јадењето, влегувањето во студена вода може само малку да го забави процесот – што не игра никаква улога на релаксираното уживање во вода.

Сепак, ако имате проблеми со срцето или циркулацијата, тогаш независно од јадењето, секое нагло влегување во вода може да предизвика проблем. Ако сте млади, здрави и немате никакви здравствени проблеми, слободно влезете во вода откако сте изеле сендвич.

5. Ланската крема може да послужи и оваа година

Доколку сѐ уште ја чувате кремата со заштитен фактор од минатата година, време е да ја фрлите.

Рокот на траење на поголемиот дел од препаратите за заштита изнесува година дена од отварањето, под услов да ја чувате на суво и студено место.

Дури иако рокот на траење сѐ уште не завршил, дејството на некои креми и лосиони може да биде значително намалено.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg