Формулата за совршен сон и лесно будење

За многу луѓе, станувањето наутро од креветот често вклучува извршување на некаков ритуал.

formulata-za-sovrsen-son-i-lesno-budenje-001.jpg

Некои се будат и едноставно си кажуваат дека може да спијат уште 5 минути и ја враќаат главата на перница. Други го поместуваат алармот за уште некое време.

Но, постојат и такви кои стануваат веднаш без никаков проблем.

Фитнес тренерот Крег Балантајн е авторот на формулата „10-3-2-1-0“ благодарение на која секој може добро да се наспие и следното утро да стане без никаков проблем.

Формулата функционира на следниот начин:

10 часа ред спиење

Толку време е потребно вашиот крвоток да се исчисти од стимулансите кои содржат кофеин. Значи од тој момент па натаму нема пиење кафе, енергетски пијалаци или чоколадо.

3 часа пред спиење

Не јадете и не консумирајте алкохол ако планирате да си легнете за 3 часа. Иако вие во ова време најчесто се одмарате, вашето тело работи со полн капацитет. Ако јадете доцна навечер тоа ќе мора да продолжи да работи и откако ќе си легнете, па токму затоа следното утро се чувствувате преморено.

2 часа пред спиење

Од овој момент па натаму не работете и не мислете на работа. Оставете ја за утре – секако нема каде да ви избега!

1 час пред спиење

Од овој момент па натаму нема гледање телевизија, вклучување компјутер или користење на телефонот! Колку и да ви пристигнуваат нотификации за мејлови, пораки... дозволете му на вашиот ум и очи да се одморат.

0 минута до алармот

Ѕрнннн! Исклучете го алармот и веднаш станете од креветот. Не останувајте уште 5 минути, бидејќи тие и онака нема да ви помогнат да се чувствувате поодморено туку само ќе ви одземат дополнително време за подготвување за денот кој ве чека.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg