Најчести полови болести чии симптоми мора да научите да ги препознавате

Сексуално преносливите болести се нешто за кое секој од нас слушнал, ако не повеќе, барем на часовите по биологија.

najcesti-polovi-bolesti-cii-simptomi-mora-da-naucite-da-gi-prepoznaete-001.jpg

Сепак и покрај тоа многу е мал бројот на луѓето кои знаат да ги препознаат првите симптоми на некои од овие болести.

Истражувањата покажале дека речиси 50% од новите случаи на зараза со сексуално преносливи болести се откриваат кај млади луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години.

Токму затоа треба да научите како да се заштитите од нив, но и да знаете да ги препознаете нивните симптоми.

HPV

Хуманиот папилон вирус е полова инфекција која се добива преку вагинален, орален или анален секс, но и преку други директни контакти „кожа на кожа“ при самиот секс.

Иако поголемиот број од НРV инфекциите се повлекуваат без значајни симптоми, постојат барем 13 видови кои може да предизвикаат појава на генитални брадавици, но и различни видови карцином, како рак на грлото на матката, на пенисот и усните.

И мажите и жените се носители на НРV, па на мажите им се советува да побараат лекарска помош веднаш штом забележат необични израстоци на пенисот, анусот, устата или грлото. За разлика од други сексуално преносливи болести, тестирањето за присуство на НРV може да се врши само на жените, бидејќи не постои едноставен тест за мажи.

Затоа жените треба редовно да прават PAP тест, како би ги забележале промените на грлото на матката.

Кладмидија

Кламидијата е една од сексуално преносливите болести која можете да ја имате, а да не чувствувате никакви симптоми.

Доколку пак чувствувате симптоми тие ќе бидат во форма на пецкање за време на уринирањето или може да забележите зголемено ниво на секрет од вагината или пенисот. 

Кај мажите бактеријата може да влијае на семеводите, предизвикувајќи болка, но и трајни последици како неплодност.

Сите девојки помлади од 25 години би требало еднаш годишно да направат тест за кламидија, бидејќи кај нив болеста може да се развие во неплодност, хронична болка во карлицата или да доведе до компликации во бременоста.

Херпес

Оваа болест се манифестира со појава на меурчиња исполнети со течност на половите органи, анусот или усните 2 до 12 дена по заразувањето.

Избивањето на меурчињата може да трае од две до четири недели, при што првото избивање може да биде проследено со висока температура, болки по телото, отечени лимфни жлезди и главоболка.

Херпесот може да има долготрајно влијание врз здравјето, бидејќи вирусот може да предизвика чести инфекции на очите, а кај луѓето со ослабен имунолошки систем, може да го оштети на 'рбетниот и черепниот мозок.

Болеста се шири преку вагинален, анален и орален секс, а за жал не постои лек со кој целосно може да се излечи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg