Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 лоши мисли кои поминуваат низ главата на депресивните луѓе

Важно е да се потенцира дека депресијата не подразбира само лежење во креветот, чувствувајќи се ужасно и немоќно. Тоа можеби е еден дел од оваа сериозна состојба, но останатите ментални манифестации вклучуваат чувство на вина, самоосуда, илузии на личен неуспех или безвредност.

7-losi-misli-koi-pominuvaat-niz-glavata-na-depresivnite-lugje-1.jpg

Ваквите мисли се најчесто неосновани во реалноста. Еден неуспех или инцидент не значи дека нема да бидете добри во нешто. Една несреќна љубов не значи дека никој нема да ве сака во животот.

Но, ваквите кошмарни мисли создаваат затвор во кој депресијата е главниот стражар и управител. Потребна е консултација со специјализирано лице и пред сè желба за работа за да се надмине проблемот кој не е за потценување.

Во меѓувреме, еве што се случува во главата на луѓето кои страдаат од депресија:

Имам пријатели, но само затоа што ме сожалуваат

Да се биде апсолутно слеп за своите позитивни карактеристики е еден интересен аспект од депресивната слика. Измачувањето со прашањата: Зошто овој човек е мој пријател, што сака да постигне со тоа, што добива со некој безвреден како мене?, може да делуваат самоуништувачки.

Тие се само културни, зарем не? Но, науката потврдува дека присуството на добри пријатели во животот го намалува ризикот од депресија. Поголема е веројатноста да се шири позитивно расположение помеѓу двајца пријатели, отколку депресивни мисли.

Среќата не е опција за мене

Среќата изгледа недостижна и неверојатна за депресивните луѓе, но еве го поужасното нешто – голем дел сметаат дека не ја ни заслужуваат.

Погрешно е да се мисли дека луѓето во депресија се постојано тажни. Тие може солидно да одглумат додека срцето им се распарчува внатре, па доколку не сте вешти не секогаш ќе ги препознаете скриените симптоми. Но, најлошо е што депресивните луѓе се вистински уверени дека никогаш нема да почувствуваат среќа.

Не знам да направам торта, јас сум жив неуспех

Оваа форма на нерационално мислење е растегната до катастрофални пропорции. Депресивните луѓе често го визуелизираат својот неуспех, а кога ќе се случи во каква и да било област, си потврдуваат дека црните мисли им биле оправдани.

Просечниот човек би се изнасмеал на кривата торта и би раскажувал анегдоти за несупехот, депресивниот се чувствува безвреден и бескорисен.

Нема поента да јадам или да станувам од креветот

Најосновните работи кои се однесуваат на животот, како станувањето од кревет, пиењето вода и јадењето стануваат огромен товар. Чувството на изгубеност и безнадежност ги преплавуваат депресивните луѓе и тие едноставно немаат енергија за извршување на најосновните потреби.

Ако не ми возврати на пораката мора да мисли дека сум ужасна

Минорните нешта како она со неуспешната торта се доживуваат како трагедии со катастрофални размери. Негативните мисли за себе се рефлектираат на овој начин, немаат (до)верба во луѓето, а сомнежот за сопствената (не)вредност расте.

Товар сум им на сите околу мене

Депресијата опфаќа огромно чувство на вина, како не си доволно добар за себе, но и за овој свет и луѓето во него. Постојаното чувство дека им пречиш на другите и не заслужуваш да живееш зашто си на некој начин товар е поразувачко и преморувачко.

Барем ги гледам нештата појасно од среќните луѓе

Дел од депресивните луѓе сметаат дека тие ја поседуваат „вистинската“ перцепција за светот. Убедени дека сè е безнадежно и животот нема смисла и поента, се однесуваат како да ја откриле тајната на универзумот, а сите други талкаат наоколу со глупава насмевка. Но, ваквите мисли не може да донесат среќа и мир. Сета оваа токсичност на крајот ќе си го земе данокот на здравјето.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги прават докторите кога патуваат за да не се разболат Носат заштитна маска на места со многу луѓе, како аеродром, и постојано ги мијат...
Исповед на скопјанка: „Влегов во менопауза и почнав да се менувам - зошто сакам да ‘излезам’ од сопс... „Топло-ладните флешови ги замени нешто уште пострашно - неконтролирано ноќно пот...
8 суптилни симптоми на депресија кај мажите (не покажуваат тага, туку бес) Мажите со депресија често не покажуваат тага. Наместо тоа, можеби ќе изгледаат п...
Суптилни знаци дека некоја сакана личност е пред нервен слом (и треба да ѝ помогнете) Чувствува параноја, има проблеми на работа или на училиште и, генерално, се одне...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Необични однесувања кои некогаш се знак за скриена депресија Не чувствувате ништо – рамнодушни сте кон работи кои претходно ве правеле среќи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg