Телото ве предупредува: Дали се будите со отечено лице?

Можеби честопати се прашувате зошто наутро кога ќе станете, вашето лице е потечено. Ако тоа се случува секој ден, нормално е да бидете загрижени.

Dali-se-budite-so-oteceno-lice-vaseto-telo-ve-predupreduva-na-ova-01.jpg

После спиење, нормално е лицето да биде малку надуено, па дури и од навидум непознати причини.

Но, иако не мора да значи дека е во прашање нешто сериозно, во никој случај не треба да го занемарите ваквото отекување, особено ако се случува секој ден.

Ова се дел од причините заради кои може да дојде до забележливо отекување на лицето:

1. Сте изеле премногу солена храна

Ако пред да легнете, сте јаделе храна која содржи голема количина натриум, тогаш не е чудно што лицето ви е отечено. Преголемата количина на сол ги задржува течностите во телото, што предизвикува подуеност.

2. Сте пиеле алкохол пред спиење

Алкохолот доведува до дехидрација и истовремено ги проширува крвните садови, заради што може да се разбудите со отечено лице.

3. Не сте ја отстраниле шминката

Отеченото лице може да се должи на алергиска реакција, предизвикана од неисчистената шминка.

4. Сте спиеле на неудобна перница

Дури и перницата може да биде причина за надуено лице во утринските часови. Ако перницата е мека и главата ви пропаѓа, околу очите може да се собере поголема количина на вода, која е одговорна за вашето отечено лице.

5. Целулитис или флегмона

Станува збор за воспаление на поткожното сврзно ткиво. Оваа бактериска инфекција влијае на кожата така што предизвикува симптоми како жештина, црвенило и чувствителност.

6. Нетретиран синузитис

Синузитисот се манифестира со воспаление на слузницата на синусите и е проследена со притисок и болки во пределот околу очите. А, тоа може да биде и причина за лицето да ви отече, штом се разбудите наутро.

7. Проблеми со тироидната жлезда

Тироидната жлезда лачи хормон кој е неопходен за нормално функционирање на метаболизмот. Доколку постои недоволна или засилена активност на оваа жлезда, доаѓа до нарушување кое предизвикува отекување на лицето и голем број други симптоми.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg