6 начини на кои ладното време влијае на интимното здравје на жената

Во студените денови на жените приоритет им е да се облечат топло и модерно истовремено. Многу често забораваат на она што може да им направи тесната облека по прашање интимно здравје.

6-nacini-na-koi-ladnoto-vreme-vlijae-na-intimnoto-zdravje-na-zenata-1.jpg

6 навики и начини како ладното време и навиките кои си следуваат со него влијаат на интимното здравје:

1. Намалување на шансите за инфекции

Во текот на летото почесто се потите, полесно сте изложени на сонце и топлина, па вагината е повлажна и склона на развивање инфекции и бактерии, за кои влажната средина е идеална. Во зима, сето ова е сведено на минимум.

2. Тесната облека го зголемува ризикот од инфекции

Сепак, постои темна страна на тесната облека. Ако сте љубители на тесни, а дебели хеланки, размислете уште еднаш пред да ги облечете. На интимното подрачје му е потребен воздух, затоа носете ги само кога температурите се екстремно ниски.

3. Ладното време е повод за повеќе секс

Минусните температури ве тераат да останете дома, што ги отвора можностите за поактивен сексуален живот. Забавата и греењето се загарантирани, што позитивно влијае на интимното и општо целокупното здравје.

4. Недостатокот на витамин Д може да ви наштети

Во зима, заради недостатокот на сонце и сончева светлина, големи се шансите да ви недостасува витамин Д. Тоа понатаму може да го зголеми ризикот од одредени бактерии, затоа се препорачува консумирање на храна и производи богати со овој витамин. Пример, риба, рибино масло, сирење, жолчка од јајце.

5. Настинките исто така влијаат на здравјето на вагината

Некои од антибиотиците и апчињата кои се соодветни за лекување на грипот и настинката, може да ја нарушат флората и pH вредноста. Затоа важно е да консумирате пробиотици и витамини, како би ја неутрализирале штетата.

6. Топлите купки исто така влијаат негативно

Внимателно со топлите купки за опуштање. Проверете какви сапуни користите и лежењето во када сведете го на минимум.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Дали треба да пиете суплементи со витамин Д во есен и зима? Во постудените месеци, кога денот е пократок, минуваме помалку време на отворено...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg