Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 типови на главоболки: Местото на болката открива кои се причините и како да се излечите

Пронајдете го типот на главоболка што ве прогонува и елиминирајте ги причините и симптомите.

6-tipovi-na-glavobolni-mestoto-na-bolkata-otkriva-koi-se-pricinite-i-kako-da-se-izlecite-1.jpg

Причините за главоболка не е лесно секогаш да се детектираат, особено кога се во прашање дехидратацијата или недостатокот од сон што може да бидат главните виновници зошто чувствувате како да ви удираат чекани по главата. Сепак понекогаш и не можеме потполно да сме сигурни зошто нè боли.

Зад главоболките се кријат сериозни заболувања како што е високиот крвен притисок, крварењето во глава или тумор.

Главоболките се разликуваат од местото на болката, а ова се најчестите:

6-tipovi-na-glavobolni-mestoto-na-bolkata-otkriva-koi-se-pricinite-i-kako-da-se-izlecite-2.jpg

Се јавуваат на половина од главата

Многу е напорна и трае до 72 часа, но не е опасна. Болката пулсира од умерен до јак интензитет. Понекогаш може да биде причинител за мачнина како и пречувствителност на светло и на бучава. Потребно е да земете едно апче против болки, веднаш кога ќе ги почувствувате првите симптоми, како и да мирувате во затемнета и тивка просторија.

6-tipovi-na-glavobolni-mestoto-na-bolkata-otkriva-koi-se-pricinite-i-kako-da-se-izlecite-3.jpg

Кружна болка преку челото и околу целата глава

Кај овие главоболки имате впечаток како некој да ве стега со обрач. Интензитетот е умерен, а најчесто се јавува од стрес. Најдобриот лек е да ги затворите очите и малку да се одморите, а доколку имате повеќе време и да отспиете половина час.

6-tipovi-na-glavobolni-mestoto-na-bolkata-otkriva-koi-se-pricinite-i-kako-da-se-izlecite-4.jpg

Капакот ви е отечен и на таа страна од лицето чувствувате болка

За жал оваа главоболка знае да биде јака и може да трае и до цел месец. Се јавува во одредено време на годината, а пропратена е со затнат нос, црвенило на окото и отечен капак. За разлика од претходно наведените главоболки, овде помага зголемената раздвиженост, а не мирување.

6-tipovi-na-glavobolni-mestoto-na-bolkata-otkriva-koi-se-pricinite-i-kako-da-se-izlecite-5.jpg

Болка по должина на челото

Најверојатно се работи за главоболка што е предизвикана од воспаление на синусите. Најдобрата помош е туширање со топла вода и инхалации.

6-tipovi-na-glavobolni-mestoto-na-bolkata-otkriva-koi-se-pricinite-i-kako-da-se-izlecite-6.jpg

Болка на задниот дел од вратот и темето

Воглавно се јавува за време на долго седење или евентуални проблеми со кичмата и вратот. Направите неколку благи движења за да го раздвижите вратот, станете и протегнете се. Болка по должина на челото Најверојатно се работи за главоболка што е предизвикана од воспаление на синусите. Најдобрата помош е туширање со топла вода и инхалации.

6-tipovi-na-glavobolni-mestoto-na-bolkata-otkriva-koi-se-pricinite-i-kako-da-se-izlecite-7.jpg

Болка на слепоочници

Неретко оваа болка е пропатена со болки во ушите како и потешкотии при отворање и затворање на устата (може да слушате и крцкање на вилицата). Обидете се со апче против главоболки, но доколку не ви помогне би било добро да се обратите на доктор.

Би можело да ве интересира:

„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
Видови болка кои никако не треба да ги игнорирате, според доктор Болката во стомакот не е невообичаена појава, но кога е многу силна, не поминува...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg