Што не треба да јадете, доколку имате проблеми со тироидната жлезда?

Тироидната или штитната жлезда е орган кој влијае на работењето на многу други органи во телото.

Kakva-hrana-treba-da-izbegnuvate-dokolku-imate-problemi-so-tiroidnata-zlezda-01_copy.jpg

Најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето кога е таа во прашање се хипотироидизмот и хипертироидизмот.

Прекумерното или намаленото лачење на хормони на оваа жлезда може во извесен степен да се контролира преку храната која ја внесуваме.

Според тоа, ова е храната која треба да ја одбегнувате согласно групата на која припаѓате:

При хипертироидизам - прекумерна функција на тироидната жлезда:

1. Храна богата со јод, но и сите видови на јодирана сол.

2. Полномасно млеко, кое може да го замените со обезмастено млеко, кое организмот многу полесно го вари.

3. Рафинирано брашно кое содржи помалку хранливи материи од целите зрна и многу потешко се вари. Рафинираното брашно има висок гликемиски индекс кој може да го промени нивото на шеќер и хормони во крвта.

4. Црвено месо, кое може да го замените со немасно месо како пилешко или риба како лосос, туна, харинга или скуша.

5. Млечни производи, особено ако хипертироидизмот е поврзан со нетолеранција на лактоза, односно неможност на организмот да ги свари млекото и млечните производи.

При хипотироидизам - намалено лачење на тироидни хормони:

1. Храна која го оневозможува преносот на јод во крвта како просо, сенф, карфиол, брокула, спанаќ, рен...

2. Соја и производи од соја, како соино масло кои може да влијаат на работењето на тироидната жлезда. Исто така се препорачува избегнување на чоколадни и енергетски плочки кои содржат соин лецитин.  

3. Внимавајте и на храната која содржи глутен како што е јачмен, пченица, 'рж, или рафинирана храна која содржи глутен. Исто така, намалете го внесот на зеленчук како брокула и карфиол.

4. Брзата храна, исто така, го забавува создавањето на хормонот на штитната жлезда.

5. Праските, крушите и јагодите се овошја кои треба да ги избегнувате или да ги јадете во умерени количини за да се зголеми лачењето на хормонот на тироидната жлезда.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава