После празниците: Комплетна детоксикација на телото за 5 дена

Брзото темпо на живот често прави да го занемариме здравјето и да се стекнеме со прилично штетни навики.

detoksirajte-go-teloto-za-samo-5-dena_copy.jpg

Преработената храна, алкохолот и цигарите се дел од сè она што создава токсини во нашиот организам, кои подоцна можат да доведат до посериозни заболувања.

А, и празниците не помогаат, бидејќи често претеруваме со јадењето нездрава храна.

На вашето тело му е потребна редовна детокскација, која ќе ги ревитализира органите и ќе го врати сјајот на вашата кожа.

Ова е едноставен рецепт со само три состојки, кој ќе ви помогне за 5 денови да ги отстраните токсините од телото.

Состојки:

  • 5 моркови
  • 3 портокали
  • мало парче свеж излупен ѓумбир

Начин на подготовка:

Ставете ги сите три состојки заедно во блендер и консумирајте го сокот еднаш дневно, пред појадокот.

Бенефициите од овие состојки се многубројни. Портокалот е добра превентива против ракот, проблеми со бубрезите и исто така го намалува холестеролот. Морковите имаат благотворно дејство врз видот, кожата, инфекциите и стареењето. Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и го стимулира за побрзо да ги исфрли токсините.

Овој витамински микс, ќе направи да се чувствувате витално и полни со енергија за кратко време и со видливи резултати по вашето здравје.

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава