5 знаци дека ви недостасуваат витамини, кои се видливи на разни делови од телото
Проблемот со недостаток на витамини е релативно чест, посебно во рана пролет. Без нив се чувствувате мрзеливи, летаргични и сте поподложни на болести.
Изненадувачки, но постојат 5 знаци на лицето според кои може да го дијагностицирате овој недостаток.
Погледнете се во огледало и проценете дали имате некој од симптомите:
1. Подуени очи
Ако забележите дека очите ви се подуени и отечени, очигледно ви недостасува јод. Внесувајте повеќе морски плодови, млечни производи, па дури и леб.
2. Сува коса
Сувата, кршлива коса и скалпот со првут се сигнал за недостаток на витамин Б7. За да го зголемите неговото количество во организмот, јадете месо, риба, зеленчук, овошје и мешунки.
3. Премногу бледа кожа
Ова е симптом кој укажува на недостаток на Б12. Без него, се чувствувате изморено и депресивно. Зголемете го внесот на месо и морски плодови.
4. Усни без боја
Усните без боја се знак за недостаток на железо. Исто така ова може да укажува и на низок крвен притисок. Јадете повеќе црвено месо и лиснат зеленчук.
5. Крвави непца
Проблемот со крвавите непца е што во телото ви недостасува витамин Ц. Консумирајте повеќе цитрусни овошја и црвени пиперки.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





