Зошто жолчката понекогаш има црвена точка и дали јајцето е безбедно за јадење?

Многумина се во заблуда, бидејќи се уверени дека крвавата дамка во жолчката е показател дека јајцето е оплодено. Сепак, експертите објаснија зошто се случува тоа и дали таквото јајце е безбедно за консумирање.

zoshto-zolchkata-ponekogash-ima-crvena-tochka-i-dali-jajceto-e-bezbedno-za-jadenje-1.jpg

Пред неколку години, проструи веста за жена од Кина која се изненадила кога во белката на јајцето здогледала црвена течност налик на крв. Имала купено 15 јајца од локалната продавница, а платила поскапо од останатите, затоа што наводно кокошките јаделе само инсекти. Ги повикала новинарите, а тие го истражиле случајот.

Во продавницата тврделе дека мора да биде така, бидејќи тоа се посебни јајца. Отишле до производителот, кој се обидел да ги увери дека кокошките имале менструација.

Меѓутоа, вистинскиот одговор пристигнал дури кога се обратиле за совет од научниците, кои им објасниле дека црвенкастата течност може да се појави во белката од две причини: поради паразитската бактерија која живее во дебелото црево на носилката и предизвикува воспаление на јајцеводите, или, пак, поради хранењето на кокошките со забранета храна. Напоменале и дека кокошките немаат менструација, а советувале таквите јајца да не се консумираат.

zoshto-zolchkata-ponekogash-ima-crvena-tochka-i-dali-jajceto-e-bezbedno-za-jadenje-2.jpg

Кога станува збор за жолчката, многумина се во заблуда, бидејќи се уверени дека крвавата дамка е показател дека јајцето е оплодено. Но, не е така. Се појавува понекогаш во јајцето, а најчесто поради пукање на капиларите во јајникот или во жолчната кесичка на носилката.

Дали тоа ќе се случи, зависи од многу фактори, почнувајќи од староста на кокошката, па до видот на храната која ја јаде, но тоа никако не значи дека јајцето не е безбедно за консумација, тврдат експертите. Не е пријатна глетката, но не мора да го фрлите јајцето. Всушност, тоа е сосема нормална појава, пренесува  порталот „The Kitchn“.

https://www.youtube.com/watch?v=-YbLfXe5Q0s

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Зошто веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини (и колку ви штети на здравјето)? Многу луѓе не јадат доволно храна со омега 3 масни киселини, како лосос или чиа ...
Зоран Костов, психолог: „Што е феноменот 'ефект на набљудувач' и зошто луѓето се неми сведоци на неч... „Ова е ситуација кога многу луѓе се сведоци на нечија мака или опасност, но нико...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg