10 ефикасни начини како да се ослободите од болките во половинатa

Околу 80% од населението страда од болки во половината во одреден стадиум од својот живот. Само оние кои ја искусиле оваа болка знаат колку е мачна и непријатна. Стоењето, седењето, па дури и лежењето не ја намалуваат болката која негативно влијае врз квалитетот на животот.

10-efikasni-nacini-kako-da-se-oslobodite-od-bolkite-vo-polovinata-001.jpg

Доколку страдате од секојдневни болки во половината, невозможно е да ја извршувате нормално вашата секојдневна рутина.

Можеби се обидувате да ја намалите болката со апчиња, но тие дејствуваат само одреден временски период. 

Ова се 10 ефикасни начини кои вреди да ги испробате со цел да ја намалите болката која ја чувствувате во половината:

Ограничете го времето за спиење

Долгото излежување во кревет нема да ја намали болката. Напротив, долгото спиење го пролонгира процесот на заздравување, а болката ја прави уште посилна и понеподнослива. Колку повеќе лежите или спиете, толку повеќе мускулите се вкочануваат и стануваат послаби.

Лежењето кое трае предолго, води кон посилна болка, а болката пак кон повеќе лежење во кревет. Се вовлекувате во еден магичен круг кој може да трае со месеци, додека вие страдате од хронична болка.

Затоа се препорачува да не се спие премногу долго, барем не повеќе од потребните 7-8 часа доволни за одмор. Станете полека и започнете го денот со блага физичка активност.

Крвта ќе циркулира побрзо, а процесот на заздравување исто така ќе се забрза. Наместо за неколку месеци, ќе почувствувате подобрување за неколку денови.

Терапија со мраз

Доколку сте ја повредиле половината, најдобро што може да сторите е веднаш да ставите мраз на местото. Ставањето облоги со мраз е најефективно во првите 48 часа. Колку порано почнете да го нанесувате – толку подобро.

Нанесете мраз врз болното место и држете го 15-20 минути. Повторувајте ја постапката на секој час.

Топла терапија

Како што споменавме, во првите 48 часа, важно е да нанесете мраз врз болното место. Но, по 2 дена потребно е врз половината да делува топлина.

Топлината е особено препорачлива за најголем дел од мускулните болки, освен ако не се работи за свежа акутна повреда. Доколку сте истегнале мускул, чувствувате одредено затегнување или имате грчеви, топлината ќе предизвика најголемо олеснување на симптомите.

Топлината ќе ја забрза циркулацијата и ќе ја намали вкочанетоста. Можете да ставите термофор со жешка вода на половината, топли камења или крем со затоплувачко дејство.

Јога

Јогата е одлична физичка активност за сите оние кои страдаат од болка во половината. Постојат многу пози за почетници кои не изискуваат особено предзнаење или подготовка, а со кои ќе почувствувате инстантно олеснување.

Ќе се опуштите, добро ќе се истегнете и ќе ги зајакнете мускулите. Ќе ја подобрите стабилноста и држењето на телото. Јогата едноставно е лек, како за телото, така и за умот.

Пешачење

Болката во половината може да се интензивира доколку веднаш се впуштите во напорна физичка активност. Покрај јогата, можете и да пешачите. Внимавајте да имате удобни чевли за да не ја влошите болката.

Пешачењето е воедно одлично бидејќи е многу подобра алтернатива од седење или стоење.

Физикална терапија

Стручни и обучени лица кои точно ќе знаат како да ви помогнат е најпаметниот избор кој може да го направите кога се работи за вашето здравје. Тие ќе ви дадат точни и прецизни совети и вежби кои треба да ги правите.

Воедно, може да размислите за поалтернативни методи, односно да посетите специјализирани „крцкачи“ кои ќе ве „наместат“ доколку имате нешто исчашено или лошо истегнато. Сепак, добро распрашајте се каде одите и кој точно ќе ве „искрцка“.

Масажа

Ништо подобро за справување со болките во грбот од добра масажа, нели? Сепак кога ќе го закажувате терминот, не барајте масажа за релаксација, туку спортска масажа, односно масери специјализирани за повреди.

Интересно е што понекогаш болките во половината не потекнуваат токму од тоа место. Многу лесно може да ги предизвикува нерв во вратот или некој дел од стапалата. Затоа специјализираниот масер ќе знае точно на кои места да обрне внимание за да ви ја олесни болката.

Здрава телесна тежина

Веројатно нема да се изненадите доколку прочитате дека најголем дел од болките во половината се предизвикани од вишокот килограми, нели?

Колку повеќе килограми носите на себе, толку притисокот е поголем, а болката се зголемува пропорционално. Ќе се изненадите колку позитивно влијание врз целото тело има намалувањето макар само на неколку килограми.

Одржувајте нормален индекс на телесна тежина и бидете физички активни.

Добар душек и правилна позиција за спиење

Правило бр. 1 за луѓето со болки во половината: Никогаш не спијте на стомак. Доколку спиете на грб, поставете долгнавесто перниче веднаш под половината и едно под колената за да ‘рбетот ја задржи правилната форма, односно исправеноста.

Доколу пак преферирате да спиете настрана, ставете тенко перниче или завиткана крпа во ролна помеѓу колковите за да бидат во иста линија.

Добриот душек е исто така важен кога се работи за здрава половина. Душекот има рок на траење, а после 10 години секојдневна употреба, може да се простите од него. Доколку имате можност, секогаш бирајте душек со мемори-пена која ќе се обликува според вашето тело и ќе ви даде одлична потпора и здрав сон.

Воедно, ротирајте го душекот на неколку месеци, бидејќи секое подолго лежење на една страна ќе направи „дупка“ во истиот, а тоа секако не ви оди во полза.

Исправено одење

Звучи едноставно, а не е нималку лесно. Колку пати некој ве удрил по грбот и ви се развикал да се исправите? Всушност, сета болка во грбот и половината потекнува од лошо седење и лошо стоење.

Внимавајте столчето на кое седите да биде квалитетно и удобно. Додека работите пред компјутер внимавајте на положбата на вратот и вилицата – тие не смеат да бидат премногу високо кренати или пак прениско наведнати. Мониторот треба да биде во директна линија со погледот, без да го заморувате вратот.

Кога стоите внимавајте зглобовите, колената и колковите да ви се во иста линија за да не му создавате притисок на ‘рбетот. Предолгото стоење и седење треба да се одбегнуваат. Затоа е потребно што е можно почесто да станувате, да се раздвижувате и истегнувате правилно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg