Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поспаност, проблеми при комуникација: Знаци кои укажуваат на рана фаза на деменција

Со поимот деменција може да се опишат барем 100 ментални заболувања, како што се Алцхајмерот, Паркинсовата болест и уште многу други.

pospanost-problemi-pri-komunikacija-znaci-koi-ukazuvaat-na-rana-faza-na-demencija-1.jpg

Овојпат се задржуваме на Алцхајмерот, кој е сè почест, односно во 50 до 70% од случаите е предизвикан од игнорирањето на раната деменција.

Ова се 8 очигледни знаци дека развивате деменција, кои не смее да ги игнорирате:

1. Проблеми со краткотрајна меморија

Сите понекогаш забораваме каде сме ги ставиле клучевите или очилата, но ако забележите дека проблемите со меморијата се зачестуваат, можеби се работи за прв знак на деменција. Посебно треба да внимавате доколку без проблем се сеќавате на работи кои се случиле пред неколку години и децении, но не можете да се сетите на нешто од претходниот ден.

2. Проблеми во комуникацијата

Ако забележувате дека ви е тешко да одберете зборови за да се изразите, бидете претпазливи.

3. Промени на расположение

Промените на расположение не се невообичаена работа, но ако се појават преку ноќ треба да побарате помош од лекар. Тие може да бидат знак за анксиозност, депресија или деменција.

4. Поспаност

Заедно со промената на расположение, луѓето кои развиваат деменција се чувствуваат преморено и летаргично. Губењето на интереси во животот е предупредувачки знак кој не смее да го игнорирате.

pospanost-problemi-pri-komunikacija-znaci-koi-ukazuvaat-na-rana-faza-na-demencija-2.jpg

5. Проблеми со концентрација

Доколку имате проблем да слушате објаснување подолго од 2-3 минути, односно ако концентрацијата ви трае многу кратко време, а потоа се губите во зборовите и редоследот, исто така не е добар знак.

6. Губење ориентација за време

Зборуваме за тоа неколку дена по ред да не можете да се сетите кој месец е или кој ден следува утре.

7. Потешкотии во пишувањето

Збунетиот ум честопати има проблеми и во пишаната верзија за изразување на мислите. Деменцијата ви ги поматува мислите и е речиси невозможно да напишете еден подолг текст без да се збуните.

8. Повторување

Ако другите почнат да ви забележуваат дека честопати повторувате една иста акција, прашање или реченица, време е да проверите што се случува.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што НЕ треба да ѝ ги кажете на личноста која доживува паничен напад  „Смири се!“ - Паничните напади не се под контрола на личноста, па ваквите ...
Што ќе се случи ако секоја вечер спиете помалку од 7 часа? Дебелеење, но и проблеми со кожата, како акни и црвенило – со што сè ќе се соочи...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg