Зошто не смеете да ја пиете водата од пластично шише кое стоело во автомобил?

Заклучениот автомобил кој е паркиран на сонце во текот на топлите денови може да биде извор на многу неочекувани опасности.

zoshto-ne-smeete-da-ja-piete-vodata-od-plasticno-shishe-koe-stoelo-vo-avtomobil-01.jpg

Ако температурата надвор е 30 степени, во автомобилот може да се покачи и до 45 степени во рокот од само неколку часа мирување. Во текот на топлите денови, температурите можат да се движат и од 50 до 70 степени.

При таквите екстремни температури не е пожелно да седите, ниту пак да пиете вода од пластично шише која седела извесен период во автомобилот.

Истражувањата покажуваат дека пластичните шишиња кога се загреваат испуштаат штетни материи познати како бисфенол А и антимон во водата. Бисфенолот се однесува како естроген и предизвикува хормонална нерамнотежа, а се поврзува со нарушувања како неплодност и дијабетес.

Покрај оваа материја, се испушта и металот антимон кој исто така, може да биде штетен за човековиот организам.

Придржувајте се до декларациите и не ги чувајте пластичните шишиња долго во автомобил кој е во мирување.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...

Најчитани неделава