Физички проблеми кои се предизвикани од емоциите
Ако ги прашате психолозите, ќе ви потврдат дека секоја емоција физички се манифестира, на еден или друг начин.

Проверете дали и вие предолго потиснувате одредена емоција:
Скокоткање во грлото – знак на страв, анксиозност и премолчување на работи кои сакате да ги кажете гласно.

Заматување на видот – знак дека се плашите од иднината, се плашите да се спротивставите и да излезете од комфорната зона.

Акни на лицето – се појавуваат како последица на недоразбирање или конфликти со луѓето.

Подгрбавен став – укажува на личност која е тажна, незадоволна и се крие сама од себе.

Искривување на ‘рбетот – освен ако не се работи за сериозна болест, тогаш се работи за личност која пати од недостаток на самодоверба.

Алергија – иритацијата на кожата често се префрла од тоа што ве иритираат луѓето во ваша околина. Односно, незадоволството од односите со другите луѓе.

Отежнато дишење – чувство на напнатост и осаменост, беспомошност, страв од загуба.

Тахикардија и затегање во пределот на срцето – откако ќе проверите да не се работи за нешто сериозно, доколку резултатите се негативни, тогаш веројатно се работи за преголема количина на стрес.

Проблеми со црниот дроб – укажува на насобрана лутина.

Важно: Пред да заклучите дека се работи за последица од емоциите, задолжително прегледајте го делот од телото или органот со кој имате проблем.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание
Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори...
„За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми
Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк?
Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете
Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер
Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
