Факти за кокаинот

fakti-za-kokainot-povekjeИако за кокаинот се зборува често и се нарекува заборавената дрога на 80-тите, сепак многу млади па и повозрасни се дружат со овој тип на дрога.

 

Ова се неколку факти кои треба да ги знаете за кокаинот.

fakti-za-kokainot

Што е кокаинот?

Дрога која многу лесно предизвикува зависност. Може да се шмрка (во прав), пуши (crack и freebase кокаин), џвака или да се вбризга во вена.

Сите облици на кокаин можат многу да му наштетат на телото затоа што влијаат на мозокот и централниот нервен систем. Исто така може да го почувствувате и влијанието врз вашиот паричник како и вашиот углед.

Како делува кокаинот?

Кокаинот го стимулира центарот за уживање во мозокот така што ја нарушува хемиската рамнотежа која ги држи вашето расположение и емоции во нормала.

Еуфоричната состојба обично трае помалку од 20 минути. Колку побрзо дојде дрогата до мозокот – толку е ефектот пократок:

  • Ако внесувате со шприц, директно во крвта, ефектот врз мозокот е инстантен.
  • Преку пушење стигнува за 5 секунди до срцето и мозокот.
  • Кога се шмрка практично во крвта влегува преку мембраната на слузницата во носот. Еден дел се процесира во црниот дроб, а друг оди до мозокот.

3. Ефекти од кокаинот

Кокаинот поттикнува состојба на еуфорија и ве држи будни, ја намалува желбата за сон и храна. Поединци може да станат хиперактивни, а други пак се чувствуваат моќно или агресивно.

Но, најголем број од луѓето се чувствуваат нервозно, луто, збунето или насилно.

4. Дали е опасен?

Да! Кокаинот може да ве убие, особено ако се предозирате. Смртта поврзана со кокаинот најчесто е резултат на уништен респираторен систем, срцев удар, неправилна работа на срцето, гангрена на цреват...

Кокаинот е извор на разни тешки хронични болести, срцеви проблеми, мозочни удари, епилепсија, главоболки и мачнини во стомакот.

Оние кои често користат кокаин се депресивни и патат од несоница. Често се параноични, немирни и чувствителни. Кај некои се појавуваат халуцинации и психоза.

Би можело да ве интересира:

Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg