Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто луѓето се зависни од слатки, цигари и секс?

Животот се состои од ситниците. Понекогаш, вкусната храна, чашата вино и средбата со позитивни луѓе, може да ни го подигне нивото на животна енергија, правејќи нè среќни и задоволни.

zoshto-lugjeto-se-zavisni-od-slatki-cigari-i-seks-1.jpg

Постојат особи кои обожуваат после јадењето да испушат цигара или две, а што го доживуваат како ритуал. За нив, тоа е чинот што ги весели.

Но, кога неконтролирано посегнувате по цигара, а во пепелникот веќе една гори, тогаш сигурно станува збор за зависност.

Некои трвдат дека би можеле и без тој порок, ама не знаат што ќе прават со рацете.

Зад тоа, се скрива една интересна теорија.

Цигарата ја симболизира посакуваната слобода

Белите дробови ги симболизираат подрачјата на слободата, што посегнувајќи по цигарата пушачите се обидуваат да ги освојат, но притоа вистинските желби се замаглуваат од чадот.

Потребно е да имате храброст да влезете во комуникација со животот и освестите своите вистински желби.

zoshto-lugjeto-se-zavisni-od-slatki-cigari-i-seks-2.jpg

Пушачите често не се свесни за својата зависност, па секогаш имаат оправдание дека цигарата им е најдобриот пријател, како и дека не им создава здравствени проблеми.

Тешко се менуваат долгогодишните навики, но сè се може – потребна е само волја. Благодарение на својата свесност и волја, голем број луѓе кои биле страствени пушачи, успеале да го победат тој порок.

Зад зависноста од секс се крие емотивната недостапност

Постојат поединци кои се зависници од секс, но тоа вешто го прикриваат.

Најчесто, за таквите особи се вели дека се „емоционални инвалиди“, бидејќи во секоја врска влегуваат само поради сексуалното празнење, а по кое се чувствуваат бедно, кога се емоциите во прашање.

zoshto-lugjeto-se-zavisni-od-slatki-cigari-i-seks-3.jpg

Го форсираат и поттикнуваат самиот чин, обидувајќи се да ја исполнат емоционалната празнина со сексуално докажување.

Кога помеѓу партнерите постои емоционална поврзаност, неминовно е и да постои силна сексуална привлечност. Тогаш, истата не се смета за зависност, туку за потреба од уште поголема блискост.

Со слатките се сузбива емоционалното незадоволство

Постои теорија дека постојаната потреба од слатки упатува на недостиг од сладост во животот, односно на незаситна глад за љубов.

Кај децата, најчесто тоа е знак дека не се чувствуваат доволно сакани – дајте им повеќе љубов, внимание и признанија.

zoshto-lugjeto-se-zavisni-od-slatki-cigari-i-seks-4.jpg

Во близина на личноста со ваков вид на зависност, секогаш „мора“ да се наоѓаат чоколада, колач или некој друг десерт.

Кај повеќето од нив се појавуваат проблеми со тежината, кожата или дигестивни нарушувања.

Зад алкохолизмот главно стои чувството на бесмисленост и вина

Најчесто, позади опивањето се крие чувството на бесмисленост, незадоволство или вина, но зависноста од алкохолот уште повеќе го појачува.

zoshto-lugjeto-se-zavisni-od-slatki-cigari-i-seks-5.jpg

Во ваквиот случај, од примарна важност е да се развие самопочитувањето, но и да се признае сопствениот порок.

Останати зависности

Кај личностите кои се зависни од кокаин, најчесто е скриена потребата за успех, а со тоа и за љубов. Укажува на потрагата по свет без проблеми, кој на природен начин не може да се пронајде.

Личностите кои, пак, земаат халуциногени печурки, се оправдуваат со тврдењето дека се во потрага за проширување на свеста.

zoshto-lugjeto-se-zavisni-od-slatki-cigari-i-seks-6.png

Важно е да се напомене дека сите видови на дрога ја разоруваат животната енергија и острината на животот.

А, најважно од сè е да се тргне по нов и здрав пат до целта - без зависности.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
9 работи што ги прават докторите кога патуваат за да не се разболат Носат заштитна маска на места со многу луѓе, како аеродром, и постојано ги мијат...
Здрави положби за спиење кои многу луѓе не ги практикуваат (или не ги знаат) По долгиот и напорен ден, здравиот сон од барем 6 часа, без будење и прекинување...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg