Како утринското тегнење на телото може да ви го разубави денот?

За многу луѓе станувањето рано наутро е возвишена и смешна цел. Но, според еден психолог од Харвард всушност постои начин како да станете и веднаш да се чувствувате добро и е многу полесно отколку што сте мислеле. Пред да ги тргнете чаршафите и да ги ставите вашите стапала на подот, буквално оптегнете се со цела сила.

ova e prvoto nesto koe treba da go napravite koga ke se razbudite 1

Направете една моќна поза е советот на психологот Ејми Куди. Таа цели дека секој треба да одвои време за оптегнување во креветот секое утро. Таа сепак не зборува за обично оптегнување, туку за големо што ќе го почуствувате од вашите прсти на нозете до вратот.

Кога се оптегнувате во поза на моќ како што се вика оваа теорија, го лажете мозокот да мисли дека имате многу повеќе самодоверба отколку што навистина имате. Кога го оптегнувате телото тоа се издолжува, а кога чувствувате дека вашето тело е поголемо тогаш вие се чувствувате моќно и големо во текот на денот.

Кога се преправате дека сте моќни, така и се чувствувате. Ова е само еден нов пристап на познатата фраза: “Преправај се додека не успееш.”

Од друга страна спиењето во поза на фетус го има спротивниот ефект. Околу 40% од луѓето спијат во оваа позиција. Тоа прави тие да се чувствуваат несигурно и анксиозно кога ќе се разбудат од сон.

Ако ова се однесува и на вас пробајте некои нови позиции на спиење и не заборавајте да се оптегнете кога ќе се пробудите. Речиси никогаш повеќе нема да станете на погрешна нога.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...

Најчитани неделава