Не ги игнорирајте: 3 знаци кои укажуваат дека ви е потребен ментален одмор

Во денешно време, често знаеме да се изгубиме во работата и дневните обврски, што стресот ни стана нормален начин на живот.

ne-gi-ignorirajte-3-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-vi-e-potreben-mentalen-odmor-01.jpg

Ако сте во онаа група на луѓе кои многу работат и постојано се чувствуваат „истрошени“, време е да застанете, да земете воздух и добро да размислите.

Кога сте постојано во брзање и под стрес, имунитетот опаѓа и енергијата се намалува, а во најлош случај, сето тоа може да доведе и до нервен слом.

Ова се 3-те главни знаци по кои ќе препознаете дали сте целосно ментално „истрошени“ и ви треба одмор:

Постојано сте ненаспани и уморни

Навечер ви е тешко да заспиете, бидејќи премногу размислувате за сé и сешто, а наутро имате проблеми со станувањето. Имате многу малку енергија и и најмалите ситници ви паѓаат тешко. Потрудете се да не си правите стрес за секоја ситница.

Смирете го умот со јога или медитација или едноставно поседете некое време во тишина за да можете да ја вратите рамнотежата помеѓу телото и умот.

Тешко останувате сконцентрирани и немате мотивација

Ако имате работа каде по цел ден седите пред компјутер, нормално е мозокот да се замори. Но, ако забележите дека немате никаков елан за работа, не сте сконцентрирани и не можете да ги завршите и наједноставните задачи, време е за одмор.

ne-gi-ignorirajte-3-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-vi-e-potreben-mentalen-odmor-02.gif

Имате „краток фитиљ“

Се нервирате за најмалите ситници и со сите се карате. Кога нешто ќе тргне наопаку, едноставно експлодирате од бес. Ова често се јавува кај ментално „истрошените“ луѓе, како и кај младите мајки кои се соочени со проблеми во нивната нова животна улога.

Какви и да се симптомите, многу е важно секој ден да поминувате барем 10 минути сами, без работата, без мобилни и компјутер и далеку од сé она што ви предизвикува стрес. Со менталното здравје не смеете да си играте, па ако не можете сами да си помогнете, побарајте совет од стручно лице.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg