7 грешки со кои го нарушувате здравјето на очите

Очите се дел од телото кој најчесто го занемаруваме. Сепак, здравјето на очите е многу важно, па правилната нега е клучна за да го задржиме добриот вид.

7-greshki-so-koi-go-narushuvate-zdravjeto-na-ochite-01.jpg

Ова се најчестите грешки што ги правите, а значително го нарушуваат здравјето на очите:

Спиете со контактните леќи

Многу е важно да ги вадите леќите пред спиење и да ги оставите во кутивчето со течност. Спиењето со леќи може да го запре дотокот на крв во рожниците и да предизвика инфекции.

Ставате моливче на внатрешниот дел на окото

На овој дел од окото не смеете да нанесувате моливче бидејќи шминката може да се измеша со солзите и да ги наполни очите со штетни честички кои предизвикуваат инфекции. Моливчето нанесувајте го на надворешниот дел на окото под трепките.

Спиете со шминка

Спиењето со шминка е штетно за целото лице, па и за очите. Ги затнува жлездите околу очите и со тоа го зголемува ризикот од иритација на кожата, па може да се појават јачменчиња и акни околу очите.

Избегнувате да одите на преглед

Посетата на офталмолог треба да ја практикувате барем еднаш годишно, ако немате проблеми со видот и не носите очила или леќи. Преку прегледот на очите, лекарот може да открие и други проблеми поврзани со целиот организам.

7-greshki-so-koi-go-narushuvate-zdravjeto-na-ochite-02.jpg

Претерувате со капките за очи

Капките кои го намалуваат црвенилото во очите не се долготрајно решение за овој проблем. Најдобро е да посетите лекар и тој да ве советува како да се справите со оваа појава.

Го игноририте рокот на траење на производите

Без разлика дали станува збор за маскара, сенка, моливче, течност за леќи или капки, секогаш треба да го проверувате рокот на траење на овие производи. Очите се многу чувствителен дел од телото, па не смеете да користите производи со изминат рок на траење.

Не носите очила за сонце во зима

УВ зраците од сонцето не се штетни само во летниот период. Поради тоа е важно да ги заштитите очите со квалитетни очила за сонце кои ќе ги носите преку целата година.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
6 мали животни промени кои ќе ви помогнат да го контролирате дијабетесот Внимавајте на исхраната и одете на лекар барем двапати годишно за да проверите к...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg