10 мириси кои бремените жени не ги поднесуваат

Во текот на бременоста, жените понекогаш чувствуваат посебна и силна желба за одредена храна. Меѓутоа, сте се запрашале ли која храна и мириси им предизвикуваат ефект, што е сосема спротивен на желбата?

10-mirisi-koi-bremenite-zheni-ne-gi-podnesuvaat-1.jpg

Ви се случило ли поради одредени мириси да ви биде мачно и да повраќате во текот на бременоста? Ако одговорот е „да“, не плашете се, затоа што ваквата реакција не ниту чудна, а ни невообичаена.

Со изразеното сетило за мирис, а некогаш и неиздржливата доза на утрински мачнини, постојат мириси кои никако не е возможно да ги толерирате. Но, тоа е сосема разбирливо.

10-mirisi-koi-bremenite-zheni-ne-gi-podnesuvaat-2.jpg

А, десетте мириси кои бремените жени не ги поднесуваат се:

1. Кафе

Пред бременоста, веројатно сте уживале во мирисот на свежо мелено кафе. Но, од оној момент кога тестот за бременост се покажал позитивен, таа арома едноставно ве принудува да трчате до тоалетот.

2. Месо

Мелено месо кое се пржи во тавата. Пилешко, кое се пече со зеленчук. Ве потсетува ли и самото читање на овие реченици, на тоа колку ви било мачно од мирисот на месо во текот на бременоста? Или можеби сѐ уште ви е?

10-mirisi-koi-bremenite-zheni-ne-gi-podnesuvaat-3.jpg

3. Здивот на партнерот

Иако е несреќна околност, бремените жени не можат да си помогнат. И најмалиот здив на партнерот може да биде доволна причина за таа да посака да побегне.

4. Мирисот на тело на партнерот

Доколку го занемариме здивот, понекогаш и самите телесни миризби што доаѓаат од правец на партнерот, се доволни да осетите потреба за повраќање. Тоа може да побуди и чувство на вина кај бремената жена. А, ако случајно има пиено и кафе, тогаш не е нималку чудно што ѝ е примамлива идејата да го замоли својот маж да спие на помошниот кревет – по можност во друга соба.

10-mirisi-koi-bremenite-zheni-ne-gi-podnesuvaat-4.jpg

5. Паста за заби

Ако не можете да го поднесете карактеристичниот „метален вкус“ во устата, пастата за заби би требало да ви биде пријател, особено во првите неколку месеци од бременоста. Но, за жал, мноштво жени не можат да го поднесат мирисот на паста за заби при четкањето. Во комбинација со прејакиот вкус, дури и миењето заби станува премногу за поднесување.

6. Гел за туширање

Додека некои велат дека правилниот гел за туширање може да ги олесни утринските мачнини, други сметаат дека одредени мириси – премногу слатко, премногу цветно, премногу мошусно – чувството на мачнина може да го направат десетпати полошо.

10-mirisi-koi-bremenite-zheni-ne-gi-podnesuvaat-5.jpg

7. Цигари

Едноставно, не! Мирисот на цигари наидува на големо неодобрување од страна на бремените жени.

8. Риба

Мирисот на риба која се приготвува, на рибарница, па дури и најмалата помисла на рибни производи, означува почеток на кошмарот за секоја бремена жена.

10-mirisi-koi-bremenite-zheni-ne-gi-podnesuvaat-6.jpg

9. Сопствената урина

Во однос на тоа, една мајка истакна: „Можеби претерувам со информацијата, но јас не можам да го поднесам мирисот на сопствената урина. Можам да му ја сменам пелената на друго дете без никаков проблем. Но, урината ми предизвикува мачнина, секојпат кога одам во тоалет.“

10. Мирисот на туѓи тела

Мирисот на пот од луѓето што седат или стојат преблиску во автбусот, на многумина им е претешко да го поднесат. Како ли тогаш истото да го поднесе една идна мајка и нејзиното пречувствително сетило за мирис?

10-mirisi-koi-bremenite-zheni-ne-gi-podnesuvaat-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg