Сè за кремите за сончање

sto-znaeme-za-kremite-za-soncanje-povekjeПочетната поента на Европскиот СПФ систем е временскиот период во кој личност со бледа северно-европејска кожа може да биде изложена на...

 

...сонце без да поцрвене - за што нормално е потребно 20 минути на почетокот на сезоната на сончање.

- Ако, на пример е нанесена заштитна крема со СПФ 8, ова значи дека кожата може да биде изложена на сонце 8 * 20 минути = 160 минути без да изгори.

- Запомнете дека заштитните креми само ја штитат кожата за да не изгори. Тие не ги блокираат  штетните зраци кои предизвикуваат рак на кожа.

За да ја задржиш заштитата од факторот кој е на продуктот, потруди се да ги следиш следниве правила:

sto-znaeme-za-kremite-za-soncanje

  • дебел слој (1-1.5 мм) пд кремата мора да биде нанесен за да ни ја даде заштитата прикажана на шишето.
  • ефектот од заштитната крема е значително намален после еден или два часа изложеност на сонце.
  • за целосно да ја заштитиш кожата покриј ја со облека или нанеси целосна блокада на сонцето, т.е производ кој содржи титаниум диоксид.
  • запомни дека и кога е облачно, 30 - 50 % од сончевите ултравиолетови зраци стигнуваат до вашата кожа, значи се уште има можност да изгорите.
  • можеби нема да ги чувствувате сончевите зраци толку многу кога дува ветер, но тоа не значи дека не можете да изгорите
  • пливањето ја прави кожата почувствителна на сонцето. Користете водоотпорен лосион или производ базиран на липозоми - овие навлегуваат во кожата и ја заштитуваат од внатре. Секогаш повторно нанесувај заштитен крем после пливање.
  • потењето го расипува заштитниот крем: бидете особено внимателни после физички активности или ако сте склони на потење.
  • заштитниот крем е комплетно сигурен и не е штетен, но некои луѓе можат да бидат алергични на некои состојки.
  • кратко интензивно сончање е штетно и може да придонесе за развој на рак на кожа (малигна меланома).
  • запомни дека сончевите зраци се најсилни од 11 до 14 часот. Ако немате часовник, не треба да бидете изложени на сонце незаштитени кога твојата сенка е пократка од тебе.

Повеќе информации за заштита на кожата од сончање може да најдете на http://www.kondicionentrener.com/

Би можело да ве интересира:

Трик за спиење развиен во војска: Како да заспиете за 2 минути? Со работните, семејните и социјалните обврски, може да биде тешко да го смириме ...
Кои се симптомите дека имате топлотен удар и како влијаaт високите температури врз човечкиот организ... Зголемен ризик од формирање на тромбови во крвните садови, ризик од срцев удар, ...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Последици од задоцнето лекување дијабетес - Што доведува до ампутација? Со почитување на неколку правила и препораките од лекар, можете да живеете сосем...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg