Половина час поминат во шума го зајакнува имунитетот за следните 2 месеци

Последното истражување објавено во Европскиот весник за применета физиологија тврди дека времето кое го поминувате во шумските предели го зајакнува природниот имунитет кој е важен за спречување на ракот како и други хронични болести.

polovina-cas-pominat-vo-shuma-go-zajaknuva-imunitetot-duri-na-2-meseci-001.jpg

Секој кој се нашол во шума барем еднаш во животот сигурно уживал во нејзината убавина, но и мирот кој го пронашол и почувствувал. Затоа многу луѓе сè повеќе се одлучуваат да живеат подалеку од урбаната џунгла и градскиот метеж или барем викендите да ги поминуваат во раскошните шумски предели.

Група јапонски научници откриле дека традицијата која се нарекува „Shinri-ioku“ или во превод „Капење во шума“ е силен процес, а она што го поткрепува се причини од биохемиска природа.

Колку повеќе време поминувате во шума, толку повеќе ви се подобрува и зајакнува имунитетот и имате помали шанси за развивање одредени типови на болести.

Како се случува ова?

Кога научниците ги тестирале луѓето пред и по двочасовната прошетка низ шумата, кај сите испитаници (со исклучок на само еден) биле забележани 50% повеќе Т-зрнца, а сите имале понизок крвен притисок, чувствувале смиреност и бистрина во главите.

Шумските дрва и билки емитуваат во околината „антимикробни испарливи органски соединенија на растителните деривати“ наречени фитонциди кои ги „убиваат“ габите и бактериите.

Габите и бактериите му предизвикуваат прилично многу проблеми на нашиот имунолошки систем, а изгледа дека и дрвјата не ги сакаат воопшто.

Polovina-cas-pominat-vo-shuma-go-zajaknuva-imunitetot-duri-na-2-meseci-povekje.jpg

Шумските стебла се честопати стари околу стотици, а некои дури и илјада години. Дрвјата и другите билки ја усовршиле заштитата, односно единството кое може да ги убие габите и бактериите. Додека шетате низ шумата, вашиот здив се соединува со овие компоненти, а ефектот трае околу 2 месеци.

Едноставно кажано, додека се шетаме низ шумата ние на некој начин се „капеме“ во нејзиниот природен имунитет. Ние сме нурнати во „фитохемискиот“ имунолошки систем на шумата.

Истото истражување содржи прецизни информации околу ефектите кои ги има шетањето низ шумата врз специфични хормони, поврзани и со развојот на дијабетес и згоеност.

Шетањето низ шумските предели носи бројни позитивни здравствени придобивки. Нека таа ви стане вашиот најдобар пријател и омилената локација за поминување на слободното време.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Трендови за здравје од 2025-та кои не се баш здрави, според експерти Опседнати сте со внесот на протеини, пиете многу суплементи, пробувате да му нап...
6 навики со кои ќе ги регулирате хормоните (без лекови) Сончевата светлина ги активира хормоните кои имаат влијание врз расположението и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg