5 микро паузи со кои ќе се ослободите од стресот

Понекогаш, за да се извлечете себеси од состојбата на анксиозност и депресија, односно да се опуштите и разведрите, тогаш кога стресот и проблемите ви натежнуваат во животот, доволно е  да си организирате микро пауза за себеси.

5-mikro-pauzi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-stresot-1.jpg

Според прогнозите на здравствените работници, анксиозноста и депресијата ќе бидат водечките болести во светот до 2020 година. Стресната динамика и брзото темпо на живот, пак, како никогаш досега го загрозуваат здравјето на луѓето, подеднакво физички и психички. Време е за пауза…

Кога проблемите и негативните емоции ќе завладеат во вашето секојдневие, со нив може да се справите и со користење на кратките, но ефективни паузи во текот на денот. Траат само неколку минути или секунди, а се мошне делотворни за психата, но и севкупното здравје.

5-mikro-pauzi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-stresot-2.jpg

A, тоа можете да го постигнете на пет различни начини:

Микро пауза бр. 1

Направете 10 длабоки вдишувања преку носот, а издишувања низ устата. Поради анксиозноста, луѓето честопати чувствуваат тежина во градите и дишењето станува плитко - понекогаш дури и одложено. Без кислород, нема да се чувствувате добро. Затоа, во моментите кога чувствувате дека вашите нерви се на граница, не заборавајте да дишете длабоко. Наполнете  ги градите со воздух, почекајте неколку секунди и издишете. Повторете го истото десетина пати и ќе се чувствувате подобро.

5-mikro-pauzi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-stresot-3.jpg

Микро пауза бр. 2

Кога сте депресивни, заземете опуштена положба и обидете се да го скенирате секој дел од вашето тело со очите. Ако некаде забележите некаква напнатост – ослободете ја. По таквите проверки на телото, умот се смирува, а вам ќе ви биде многу подобро.

5-mikro-pauzi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-stresot-4.jpg

Микро пауза бр. 3

За побргу да се опуштите, отворете шишенце со етерично масло од лаванда, па вдишете ја нејзината арома. Мирисот на лаванда е одличен лек за отстранување на стресот. Може да додадете и неколку капки од маслото во бањата, или, пак, да капнете на перницата пред спиење.

5-mikro-pauzi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-stresot-5.jpg

Микро пауза бр. 4

Одвреме-навреме, мора да си дозволите себеси ништо да не работите. Издвојте барем 10 минути дневно за да не правите баш ништо. Заборавете на сите секојдневни проблеми и само чувствувајте се живи. Уживајте во самиот факт на вашето постоење. Распоредете ги таквите паузи за секој ден од седмицата, а посветете ги на чувството на благодарност. Поентата е во тоа што свеста не може истовремено да доживува благодарност и анксиозност.

5-mikro-pauzi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-stresot-6.jpg

Микро пауза бр. 5

Петтата микро пауза е потребно да се организира пред спиење. Исклучете ги сите електрични уреди кои може да се исклучат, еден час пред заминувањето во кревет. Оставете минимална количина на светлина. Забавете се, слушајте ја тишината или прочитајте книга. Овој ритуал ќе ви овозможи лесно да заспиете и добро да се наспиете.

5-mikro-pauzi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-stresot-7.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Седум мали навики што прават голема разлика за здравјето по 50-тите Штом ќе влезете во шестата деценија од животот, не треба да си дозволите да го м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg