Прекрасни работи што ќе ви се случат кога ќе почнете да се сакате себеси

Внатрешните врски со себе се есенцијални, а љубовта кон себе  - неопходна.

6 prekrasni raboti shto kje vi se sluchat koga kje pochnete da se sakate sebesi 01

Кога ќе започнете да се сакате себеси доволно, ќе започнете да напуштате сѐ што не е добро за вас. Ќе напуштате луѓе, работи, па дури и сопствени верувања и навики, ќе напуштате сѐ што прави да се чувствувате мали.

Да се цените себеси не е само добро, туку е витално. Само кога ќе научите да се сакате себеси, ќе можете вистински да сакате друга личност.

Еве зошто е добро да започнете да се сакате:

Конечно ќе стекнете целосно контрола врз вашиот живот

Конечно ќе сфатите или запомните дека речиси секогаш имате избор во животот. Неверојатно е колку работи правиме секој ден, а кои всушност не мораме да ги правиме.

Кога ќе преземете контрола, нема да чувствувате непотребен страв, вина или срам, нема да се чувствувате обврзани да ги задоволувате луѓето и ќе започнете да правите работи кои ги обожавате.

Ќе поставите и одржувате граници на љубовно поле

Размислете кои сте како личност, кои сакате да бидете како личност и каков тип на партнер ви е потребен покрај вас за да станете најдобрата верзија од себеси.

Дајте им значење на вашите потреби и ќе се чувствувате посамоуверено. Секој партнер што ве спречува во тоа, не е за вас.

Нема да чувствувате како да ви е потребна потврда

И ова чувство ќе ви биде ослободително. Откако ќе престанете да правите работи за да им се допаднете на другите и ќе започнете да правите работи кои ви носат среќа и мир, ќе се чувствувате совршено.

Ќе носите сопствени одлуки во кои верувате

Одлуките како дали да се преселите или да го смените момчето ќе ви станат полесни затоа што ќе бидете навикнати да размислувате внимателно и длабински, ќе ги гледате позитивните и негативните страни и ќе носите логички одлуки, но едновремено и одлуки правилни за вашето срце.

Ќе започнете повеќе да им верувате на своите инстинкти бидејќи свеста и потсвеста ќе ви бидат толку подготвени дека сѐ зависи од вас и нема да трошите залудно време.

Ќе го обожавате времето што ќе го имате да го минете сами

Повеќе нема да се чувствувате дека треба да избегате од вашите лични мисли и емоции и да трагате по нешто што ќе ви помогне во тоа.

Ако сфатите што сакате, ќе почнете да размислувате како да го реализирате тоа и ќе почнете да преземате акција.

Ќе формирате и одржувате внатрешни врски

Откако ќе научите да уживате сами со себе, ќе воспоставите врска со себе која нема да можете да ја објасните конкретно, но ќе ви годи.

Ќе имате разговори во мислите кои ќе ви бидат од помош и навистина значајни. Како вашите внатрешни врски ќе јакнат, така и вашите врски со другите луѓе ќе се подобруваат.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg