8 природни лекови против болки во стомакот

Болките во стомакот знаат да бидат многу непријатни. Тие може да се појават ако долго време сме гладни, ако сме се прејале, ако имаме некои други проблеми поврзани со варењето и слично.

8-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-stomakot-01.jpg

За да не посегнувате секогаш да по апчиња кои можат да го иритираат желудникот, па да создадат дополнителни проблеми, постојат природни начини да ги намалите болките во овој дел од телото.

Прочитајте во продолжение:

Супа од моркови и нане

Исечкајте 4 моркови и ставете ги во тенџере со 4 шолји вода. Додајте неколку ливчиња нане и оставете да врие 15 минути. Потоа извадете ги морковите и ставете ги во блендер за да добиете густа смеса. Вака подготвените моркови со нане ја намалуваат болката во стомакот.

Водата од оризот

Сварете половина шолја ориз во 6 шолји вода. Оставете да се вари 20-на минути, а потоа тргнете го садот од оган. Процедете ја водата и ставете ја во чаша. Можете да додадете и малку мед за поубав вкус.

Препечени лепчиња на тост

Ако имате проблеми со варењето или сте подуени, а сепак ви се јаде, добра идеја за ужинка која ќе ви ги смири болките се препечени лепчиња на тостер.

8-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-stomakot-02.jpg

Цреши, суво грозје, кајсии и сливи

Овие четири овошја имаат висока хранлива вредност и многу влакна кои помагаат при варењето на храната.

Цимет

Својствата на циметот го поттикнуваат правилното варење на храната, па добро е да го консумирате во чај или како зачин во омилените благи јадења.

8-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-stomakot-03.jpg

Анасон

Семките од анасонот се полни со витамини и минерали, па кога ве боли стомакот, сварете си чај од анасон.

Топла вода

Топлата вода е наједноставен лек за болки во стомакот. Наполнете едно шише со топла вода и ставете го на стомакот или ставете топла вода во термофор кој ќе го држите на стомакот и покријте се со ќебе.

Ѓумбир

Ѓумбирот е одличен сојузник против бактериите и помага за подобро варење на храната. Грицкајте парче свеж ѓумбир или додајте го во чај.

8-prirodni-lekovi-protiv-bolki-vo-stomakot-04.jpg

Јогурт

Добрите бактерии кои ги содржи јогуртот ја намалуваат болката во стомакот и подуеноста која настанува поради прејадување.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Промени во видот и очите што може да се знак за (посериозни) здравствени проблеми Ненадејната силна болка зад окото може да биде знак за авнеризма, додека замагле...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg