6 причини кои предизвикуваат сувост на вагината

Од лекарства до гелови за туширање, постојат повеќе причини зошто вагината може да биде сува, а сексот непријатен.

6 prichini shto predizvikuvaat suvost na vaginata 01

Чувството на сувост на вагината може да биде крајно фрустрирачко. Вашата вагина едноставно не се навлажнува, сексот е болен, засрамени сте пред партнерот и се чувствувате како да сте потфрлиле.

Да, користењето лубрикант е брзо решение, но добро би било да ја знаете причината за сувоста во овој дел од вашето тело.

Еве неколку можни поттикнувачи на сувост на вагината:

Контрацепција

Хормонската контрацепција работи со потиснување на хормоните естроген и тестостерон, кои се многу важни за природното навлажнување на вагината.

Апчињата за контрацепција не влијаат вака кај секого, но сепак може да бидат причинители за појавата. Во тој случај направете пауза од нив и преминете на заштита со кондоми.

Марихуана

Марихуаната може да ви ја суши устата, но исто така може да влијае и на вашата вагина. Се разбира, советот е да престанете со пушење марихуана.

Гелови за туширање

Не ја мијте вагината со разни средства. Таа е магична работа која сама се чисти и каков било гел за туширање таму долу ќе го помести здравиот баланс на бактериите. Ова може да предизвика инфекција, но и сувост.

Третмани за освежување

Престанете да правите третмани за детоксикација или затегнување на вагината. Билките, оцетот и сличните „природни лекови“ може да предизвикаат сериозна иритација на вагината и сувост.

Едноставно таму долу не ставајте работи кои не се наменети за тоа.

Лекарства

Земањето на одредени лекарства, како што се оние за третман на акните, може да влијаат на сувоста на вагината. Во тој случај, разговарајте со вашиот доктор да ви ја намали дозата или да ви даде замена за нив.

Менопауза

Во менопаузата покрај со бранови на жештина и промени во расположението, паѓањето на нивоата на естроген и прогестерон ќе доведат до сува вагина.

Најдобриот третман во овие години е да користите лубрикант, но во екстремни случаи побарајте третман со естроген од вашиот гинеколог.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Зошто веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини (и колку ви штети на здравјето)? Многу луѓе не јадат доволно храна со омега 3 масни киселини, како лосос или чиа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg