Зошто градите ви се асиметрични?

Навистина нема потреба за црвена тревога. Ништо што доаѓа во пар не е сосема симетрично, па така и вашите гради.

zoshto-gradite-vi-se-asimetrichni-01povekje.jpeg

Имате асиметрични гради? Воопшто нема причина за паника. Навистина не сте сами!

Земете ја актерката Џенифер Лоренс за пример. Таа при едно појавување во шоуто на Џими Кимел се отвори на темата. „Бев на доктор денес, имав снимање на белите дробови и открија дека моите гради се нееднакви“, изјави таа.

zoshto-gradite-vi-se-asimetrichni-03.jpg

Актерката Кира Најтли пак позираше топлес за насловната страница на еден магазин и ги покажа своите нееднакви гради без да побара средување на фотографиите во фотошоп.

zoshto-gradite-vi-se-asimetrichni-02.jpg

Експертите тврдат дека многу поверојатно е жените да имаат различни облици на двете гради, отколку апсолутно симетрични гради. „Тие се сестри, но не и близначки“, на шега тврдат тие.

И вие сте свесни дека не е симетрично сè што доаѓа во пар. Веѓите на пример не се симетрични и за нив не се грижиме, па зошто тогаш да се грижиме за градите?

zoshto-gradite-vi-se-asimetrichni-04.jpg

Доктор Шери Рос од здравствениот дом „Providence Saint John’s Health Center“ во Санта Моника тврди дека понекогаш гените може да имаат врска со нееднаквите гради кај жените. Така што ако вашата мајка или баба имаат, може да имате и вие.

Исто така, градите се направени од масно ткиво и млечни жлезди, па нивната големина може да варира и од вашето губење или качување килограми. Промените во килограмите може да доведат до промени кај градите, па и нивна асиметричност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg