10 сериозни симптоми кои мажите ги игнорират, а упатуваат на рак

Многу мажи ги игнорираат редовните прегледи за рак и превентивните здравствени проверки. Оние коишто одат на лекарска проверка, најчесто го прават тоа по барање на нивните жени. 

10-seriozni-simptomi-koisto-mazite-gi-ignoriraat-01.jpg

Но, превентивниот скрининг може да помогне во раното дијагностицирање на рак или други проблеми кога тие се во раната фаза, односно кога има повеќе шанси за нивно успешно лекување и кога нема да доведат до посериозни проблеми.

Некои симптоми треба да ве натераат да посетите доктор, не затоа што ракот веќе се појавил, туку затоа што треба да се исклучи неговата појава или да се дијагностицира рано доколку го има. 

Во продолжение наведуваме неколку од симптомите коишто може да бидат знак за рак. Се разбира, овие симптоми не значат дека сигурно станува збор за рак, но нивното присуство треба да ве натера да се консултирате со доктор. 

Вашиот доктор може да дискутира за симптомите со вас и да направи преглед доколку е потребно, за да утврди дали се потребни дополнителни тестови.

Престанете да ги игнорирате следните сериозни симптоми и веднаш консултирајте се со лекар доколку забележите:

Промени во тестисите

Тестикуларниот рак е најчест кај помладата популација на мажи (20 до 39 години). Знаците на тестикуларен рак вклучуваат отекување, грутки или промени во конзистенцијата на тестисите, а одредени видови на тестикуларен рак можат многу брзо да се појават и брзо да растат.

Се препорачува редовен преглед на тестисите во склоп со редовните здравствени прегледи.

Грутки во пределот на градите

Иако ракот на градите е нешто што ретко се појавува кај мажите, тој сепак се појавува. Всушност 1 од секои 100 случаи на рак на градите се појавува кај мажите. Како и кај жените, така и кај мажите, може да предизвика грутки во градите, промени на кожата и промени на брадавиците.

Зголемени лимфни јазли

Има повеќе причини за зголемени лимфни јазли, а ракот е само една од многуте можни причини. Сепак, доколку зголемувањето продолжи или не е поврзано со некоја болест, треба да се консултирате со доктор за да ја одреди причината.

Губење на телесната тежина

Кога не сте на диета или не се обидувате да ослабнете, губењето на телесната тежина може да биде знак на рак, инфекција или некои други хронични состојби. Доколку слабеете без да се трудите, тогаш добро е да подискутираме за ова со вашиот доктор.

Треска

Ова може да биде нормална реакција на болест или инфекција. Одредени видови на рак, особено рак на крвните клетки или рак којшто се проширил, може да бидат причина за треска. Треска којашто трае подолго време и не може да се објасни треба да биде прегледана од доктор.

Хронична кашлица

Кашлицата којашто трае повеќе од 3-4 недели треба да биде прегледана од страна на доктор. Кашлиците се нормална реакција на многу респираторни болести, но хроничната кашлица може да биде знак за рак на белите дробови или грлото.

Проблеми со голтање

Проблеми или болка при голтање може да бидат знак на гастроинтестинален рак, како рак на езофагусот. Има и други болести коишто може да предизвикаат проблеми при голтањето, па затоа вашиот доктор може да ве упати на специјалист којшто ќе ја одреди причината.

Крвавење

Секогаш кога е неочекувано, крвавењето треба да се испита. На пример, искашлувањето крв, појавата на крв во урината или во столицата.

Бели дамки во устата

Леукоплакија е терминот за појава на бели дамки во устата или на јазикот и тие се резултат на хронична иритација. Тие се особено чести кај пушачите. Овие дамки може да прераснат во рак на устата и треба да се следат од доктор.

Замор

Овој симптом е тежок за дефинирање, бидејќи најчесто секоја хронична болест може да предизвика замор. Исто така, и емоционалните и физиолошките нарушувања може да предизвикаат да се чувствуваме заморени. 

Постојаниот и зголемен замор, особено кога нема причини за истиот, како што се недоволен сон или преработеност, може да биде знак за рак.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg