8 навики за кои сте во заблуда дека се многу здрави

Консумирање на витамини во форма на таблети и консумирање на свежо цеден сок... Зошто е погрешно ова?

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-01.jpg

Понекогаш водејќи се од советите за здрав живот што ги слушаме околу нас, правиме работи кои всушност не ни носат некои големи придобивки.

Некои навики за кои можеби и вие сте во заблуда дека се многу здрави:

Стоењето е подобро од седењето на масата

Иако овој совет се делеше многу, едно истражување покажа дека негативните ефекти од стоењето и седењето се слични, а и дека кога работите стоејќи до маса го оптоварувате ‘рбетот повеќе отколку кога седите.

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-02.jpg

Лебот е штетен

Многумина го прогласуваат лебот за штетен, но дали сте знаеле дека лебот е извор на бавни јаглехидрати и затоа неговата употреба позитивно влијае на состојбата на телото (под услов лебот да има добар состав)?

Плус, советот да консумирате леб без глутен не важи, затоа што само 1% од популацијата има интолеранција на глутен.

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-03.jpg

Задолжително е да направите детоксификација на телото

Некои производи се познати дека го прочистуваат телото, но строга детоксификација не мора да се прави затоа што веќе имате бубрези и црн дроб, кои ве ослободуваат од токсините.

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-04.jpg

Тоалетите во рестораните и кафулињата се најлошото место на светот

Јавните тоалети колку и да ви изгледаат страшно сепак се чистат редовно, плус вирусите умираат многу бргу.

Плус, заштитата ја добивате од вашата кожа. Ситуацијата е опасна само ако имате ранички по телото кои доаѓаат во допир со тоалетната шолја.

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-05.jpg

Нема ништо покорисно од свежо исцеден сок

Ова е мит затоа што кога го цедите овошјето и зеленчукот тоа ги губи здравите влакна. Подобро е да ги јадете продуктите свежи.

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-09.jpg

Жолчките се најбескорисните делови од јајцето

Тие се сметаат за извор на холестерол и многумина ги прогласуваат за опасни. Всушност, тие се добри за срцето и не влијаат на нивото на холестерол во крвта.

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-06.jpg

Неопходно е редовно да земате витамини

Изненадувачки, но од витамините во вид на таблети немате голема корист. Витамините мора да ги внесувате на вистинскиот начин, односно преку правилна исхрана.

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-07.jpg

Неопходно е да го задржите здивот кога некој кашла/кива

Бактериите во ваква ситуација патуваат во 350 км/час, па залудно е да го задржувате здивот.

Наместо тоа подобро е да ѝ кажете на личноста што кашла/кива да стави рака на уста.

8-naviki-za-koi-ste-vo-zabluda-deka-se-mnogu-zdravi-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg