„Ќерко, не се срами од проблемите, разговарај со мене, учителката или другарчето“

Секој може да има проблеми со менталното здравје во некоја фаза од животот и тоа не е нешто од кое треба да се срамите.

8-raboti-za-mentalnoto-zdravje-koi-sakam-moeto-dete-da-gi-znae-01.png

Денес за среќа има многу поголема отвореност кога е менталното здравје во прашање, отколку во минатото.

Неопходно е да разговарате со вашите деца за тоа и убаво да им објасните некои работи:

Секој го има

Како што сите ние имаме физичко здравје, така имаме и ментално. И, како физичкото, така и менталното понекогаш ни е добро, понекогаш не.

И децата може да имаат проблеми со менталното здравје

Според едно истражување половина од проблемите со менталното здравје започнуваат на 14-годишна возраст. Затоа на симптомите мора да се внимава уште во детството.

8-raboti-za-mentalnoto-zdravje-koi-sakam-moeto-dete-da-gi-znae-02.png

Нема зошто да се срамите

Дали ќе се срамите ако скршите нога додека играте фудбал? Не? Па, така не треба да се срамите и ако имате проблеми со менталното здравје.

Поголемиот дел од луѓето имаат во некоја фаза од животот. Колку поотворено зборувате за тоа, толку е подобро.

Не е ваша вина

Причината за појава на проблемите се некои грешки со процесите во мозокот и разберете дека не е ваша вина.

Вие не сте поинакви или оштетени, вие само имате болест, која ќе се третира соодветно.

Луѓето со ментални проблеми не се страшни

Сме гледале многу филмови каде главните ликови имаат ментални болести и се вистински насилници.

Но, во реалноста луѓето со проблеми од овој тип не се ниту насилни, ниту страшни. Дури и поголема е веројатноста да бидат жртви, отколку предатори.

8-raboti-za-mentalnoto-zdravje-koi-sakam-moeto-dete-da-gi-znae-03.png

Коментарите им се важни

Додека на вас ви е секојдневие да кажете нешто од типот: „Какво е времево, во депресија сум“, тие ваквите изјави ги сфаќаат многу посериозно поради нивната дијагноза и се чувствуваат како да ги исмевате.

Зборувањето помага

Зборувањето за проблемите со слушател кој не ги осудува е од огромно значење за луѓето со ментални проблеми. Пријател, родители, учител, сеедно.

Ќе биде подобро

Луѓето со ментални проблеми чувствуваат дека работите никогаш нема да станат подобри. Н, во реалноста не е така.

Нивната болест ќе биде третирана со соодветна терапија со психолог, лекарства или двете и еден ден повторно ќе водат нормален и исполнет живот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg