Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 здравствени проблеми кои може да ги откриете преку начинот на кој одите

Ако чувствувате дека имате проблем со начинот на кој чекорите, не смеете да го занемарите тоа. Еден ден може да ви причини огромна болка, па затоа средете ја ситуацијата благовремено.

7-zdravstveni-problemi-na-koi-posochuva-nachinot-na-koj-chekorite-01.jpg

Начинот на кој чекориме е контролиран од нашиот нервен систем и го изведуваме несвесно со помош на мускулите.

Научниците тврдат дека чекорењето говори многу за нашето здравје:

Краток чекор

Можна причина: Проблеми со коленото или колкот

Кога правиме чекор нанапред, задното колено треба комплетно да се исправи. Ако тешко ви оди исправувањето на ногата, може да имате проблем со коленото и колкот и како резултат на тоа да правите мал чекор.

Ако не појдете на доктор со тек на времето оптоварувањето на долниот дел од вашиот грб ќе се зголеми и ќе почнете да чувствувате голема болка.

7-zdravstveni-problemi-na-koi-posochuva-nachinot-na-koj-chekorite-02.jpg

Нестабилен чекор

Можна причина: Артритис на коленото

Ако сте нестабилни и не можете комплетно да се потпрете на стапалото, а понекогаш дури и губите рамнотежа, треба да ги проверите колената.

Ова може да биде опасно, затоа што во момент на нестабилност може да паднете и да се повредите.

7-zdravstveni-problemi-na-koi-posochuva-nachinot-na-koj-chekorite-03.jpg

Вкочанетост на рацете

Можна причина: Проблеми со грбот

Кога правите чекор со десната нога, мускулите на другата страна на торзото ја имаат функцијата на стабилизатор, па левата рака ја придвижуваме напред и обратно. Ова го правиме при секој чекор.

Ако чувствувате вкочанетост и само малку ги придвижувате рацете напред, можно е да имате проблеми со грбот, како што е интервертебралната хернија или некои други нарушувања. Задолжително посетете доктор.

7-zdravstveni-problemi-na-koi-posochuva-nachinot-na-koj-chekorite-04.jpg

Тежок чекор

Можна причина: Мултиплекс склероза, невролошки нарушувања, мускулни проблеми

Наместо газење право на земјата, вашето стапало паѓа остро, гласно и несигурно.

Причините за ова може да бидат од различен тип, па посетете и ортопед и неврохируг.

7-zdravstveni-problemi-na-koi-posochuva-nachinot-na-koj-chekorite-05.jpg

Навален од

Можна причина: Траума на главата

Ако ви е тешко да одржувате баланс и се тресете малку при одењето, а не сте испиле некоја чашка алкохол плус, тогаш ова може да биде резултат на повреда.

Покрај проблемите со балансот, може да имате и вртоглавици при качување по скали.

7-zdravstveni-problemi-na-koi-posochuva-nachinot-na-koj-chekorite-06.jpg

Забавен од

Можна причина: Депресија

Симптоми на личност во депресија се: вертикални движења на главата, нишање на горниот дел на торзото, бавни и кратки чекори и бавни движења на рацете.

Ако забележите вакви симптоми кај себе потребно е да се движите со некој пријател кој оди побрзо. Нашето расположение се менува со менување на брзината на одење.

7-zdravstveni-problemi-na-koi-posochuva-nachinot-na-koj-chekorite-07.jpg

Вкочанет од

Можна причина: Затегнатост на листовите

Вкочанетото одење како на петици долгорочно може да ви направи проблеми со зглобовите и колената. Затоа добро е со помош на вежби да ги размрдате и растегнете мускулите на листовите.

7-zdravstveni-problemi-na-koi-posochuva-nachinot-na-koj-chekorite-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
Што ќе се случи ако секоја вечер спиете помалку од 7 часа? Дебелеење, но и проблеми со кожата, како акни и црвенило – со што сè ќе се соочи...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg