Како работата на тироидната жлезда влијае врз функционирањето на другите органи?

Штитната (тироидната) жлезда влијае на брзината на метаболизмот, односно диктира со кој интензитет ќе се троши таканареченото погонско гориво во телото, т.е. храната.

rabotata-na-tiroidnata-zlezda-vlijae-vrz-funkcioniranjeto-na-nekolku-drugi-organi-2.jpg

Зголеменото лачење на хормони од тироидната жлезда се нарекува хипертиреоза и предизвикува најчесто губење на тежина, додека пак хипотиреозата се карактеризира со покачување на телесната тежина.

Општо е познато дека целиот ендокринолошки систем функционира како целина и дека неправилната работа на само една жлезда, може да предизвика низа здравствени проблеми. За жал, лечењето на овие состојби е макотрпно, тешко, често трае доживотно и не секогаш се враќа рамнотежата на хормоните во телото како што била пред да настапи заболувањето.

rabotata-na-tiroidnata-zlezda-vlijae-vrz-funkcioniranjeto-na-nekolku-drugi-organi-3.jpg

Работата на тироидната жлезда, исто така, влијае на следниве пет органи во телото:

Мозок - ниските нивоа на хормони од оваа жлезда резултираат со намалена концентрација, заборавеност, анксиозност, па дури и епизоди на депресивност.

rabotata-na-tiroidnata-zlezda-vlijae-vrz-funkcioniranjeto-na-nekolku-drugi-organi-4.jpg

Срце - хормоните од штитната жлезда помагаат во контролата на крвотокот, односно движењето на крвните клетки во крвните садови.

Јајници (кај жените) - пореметеното лачење на хормоните триодтиронин и тироксин може да доведе и до нередовни циклуси и овулации, но и нивно изостанување.

rabotata-na-tiroidnata-zlezda-vlijae-vrz-funkcioniranjeto-na-nekolku-drugi-organi-5.jpg

Коски - хормоните од тироидата контролираат со која брзина се обновува коскеното ткиво. Доколку овој процес се одвива побрзо отколку нормално, може да доведе до остеопороза.

rabotata-na-tiroidnata-zlezda-vlijae-vrz-funkcioniranjeto-na-nekolku-drugi-organi-6.jpg

Кожа - при намалено лачење на хормоните, кожата го губи сјајот бидејќи бавно се обновуваат епителните клетки. Исто така, побавен е и растот на косата и ноктите.

rabotata-na-tiroidnata-zlezda-vlijae-vrz-funkcioniranjeto-na-nekolku-drugi-organi-7.jpg

За да ја добиете вистинската слика за работата на вашиот ендокринолошки систем, потребно е да се направи комплетна анализа кај специјалист интернист и ендокринолог. Анализата се прави преку земање крв.

rabotata-na-tiroidnata-zlezda-vlijae-vrz-funkcioniranjeto-na-nekolku-drugi-organi-8.jpg

Во зависност од резултатот, специјалистот определува терапија, доза, како и циклус на повторување на анализите, додека да се најде терапијата која одговара и хормоните да се доведат во граници на нормалата.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg