Во Индија со јога, во Бразил со танц - Како се релаксираат луѓето низ светот?

Без разлика на возраста, полот или работните обврски преку денот, на сите ни е потребен по некој час дневно за кратка, но ефикасна релаксација која ќе ни помогне да ги наполниме батериите и да продолжиме понатаму со нови сили.

vo-indija-so-joga-vo-brazil-so-tanc-kako-se-relaksiraat-lugjeto-niz-svetot-01.jpg

Сите имаме различен метод за опуштање, кој помалку или повеќе ни помага потоа да ги оствариме дневните активности.

Но, покрај тоа што се разликува од индивидуа, се разликува и во различни земји.

Погледнете како луѓето од други држави се релаксираат и можеби ќе добиете идеја и вие како да одморите од дневниот стрес и проблеми:

Аргентина

Луѓето во Аргентина најчесто забораваат на дневните проблеми преку дружба со пријателите со безалкохолен освежителен пијалак. Тие често пијат мартеј - чај кој изобилува со кофеин.

Овој „пријателски“ пијалак се пие со пријатен разговор за дневните активности.

metodi_na_relaksacija_na_lugjeto_sirum_svetot_02.jpg

Бразил

Слично на часовите по зумба, луѓето во Бразил се опуштаат со помош на танцот наречен капоира. Овој танц се изведува со помош на тапани и ритмичко штракање со раце.

Танцот започнува со слободно движење на рацете, додека поискусните се впуштаат во напредни потези како стоење на раце и превртувања во воздух, со што се овозможува лачење на ендорфин.

metodi_na_relaksacija_na_lugjeto_sirum_svetot_03.jpg

Ирска

Поради огромниот број на топли термални извори, релаксирањето во топлата вода претставува омилена форма на релаксација. Додека уживате во водата се опуштате и стресот ќе исчезне заедно со пареата од изворот.

Дефинитивно еден одличен начин на релаксација.

metodi_na_relaksacija_na_lugjeto_sirum_svetot_04.jpg

Индија

Во Индија како што можеби веќе претпоставувате, омилениот начин на релаксација е токму јогата. Но не секој вид на јога, туку јога која ќе ве насмее.

Телото е способно да препознае вистинска од лажна смеа, па така Индијците ги спојуваат овие два начини на опуштање. Јогата ќе го релаксира телото, додека смеата ќе ви го опушти и мозокот.

metodi_na_relaksacija_na_lugjeto_sirum_svetot_05.jpg

Северна Америка

Луѓето во Северна Америка се служат со специјална техника на вдишување и издишување за да се ослободат од дневните проблеми. Тие користат лековити тревки кои испуштаат ароматична арома за да им помогнат да се релаксираат.

metodi_na_relaksacija_na_lugjeto_sirum_svetot_06.jpg

Норвешка

Во Норвешка најпопуларниот начин на релаксација се долгите прошетки низ природа. Без разлика на временските услови, Норвежаните секогаш наоѓаат време за да го поминат во природа и да се ослободат од стресот и проблемите.

metodi_na_relaksacija_na_lugjeto_sirum_svetot_07.jpg

Шведска

Можеби најблиску до нас се и Швеѓаните, бидејќи нивниот начин за релаксација подразбира добро кафе во добро друштво. Во склоп на овој пијалак често се послужуваат и со некој вкусен специјалитет.

Добра храна, добро кафе, добро друштво - одлична формула за справување со стресот.

metodi_na_relaksacija_na_lugjeto_sirum_svetot_08.jpg

Кој е вашиот ритуал за релаксација?

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава