7 најчести причини зошто се здебелуваме кога сме под стрес

Кога сте опуштени и добро расположени, лесно е да одберете да се напиете вода наместо газиран пијалак или да јадете готвен зеленчук наместо помфрит. Но кога во храната бараме начин да се опуштиме од стресот, тогаш не е толку лесно да се придржуваме до здравата исхрана.

7-najcesti-pricini-zosto-se-zdebeluvame-pod-stres-01.jpg

Секој од нас различно го дефинира и го доживува стресот, но општоприфатена дефиниција е дека стресот е состојба во којашто се наоѓаме во ситуација која ја надминува нашата физичка и ментална сила.

Резултат на ова се зголемените нивоа на кортизол и состојба во која или бегаме или се бориме, со забрзување на работата на срцето, побрз доток на крв во мозокот и мускулите, ширење на зениците, потење на дланките, покачен шеќер.

Чувството дека не можеме да совладаме некоја задача, често пати знае да ни го расипе здравјето, а високите нивоа на стрес резултираат и со носење на лоши одлуки.

Прочитајте малку повеќе за највообичаените грешки коишто ги прават луѓето под стрес, а кои влијаат на дебелината:

Останување на работа до доцна

Доколку сте под стрес поради некоја работна задача, најверојатно останувате до доцна на работа или ја носите работата дома. Дури и кога ќе решите дека сте завршиле за тој ден, тешкотијата околу незавршената работа може да ви предизвика несоница и да се будите на секој час.

Така останувате ненаспани, но и уморни, па затоа и повеќе јадете. Студијата од 2014 година во списанието „Спортска Медицина“, покажува дека здебелувањето е поврзано со должината на сонот и индексот на телесната маса. Секој дополнителен час спиење го намалува индексот на телесната маса за 0,35.

Јадете од стрес

Фразата „храна за утеха“ е настаната со причина. Студиите врз луѓе и лабораториски глувци, покажале дека при стрес повеќе се ориентираме кон мрсна и слатка храна.

Како и кај алкохолот и другите супстанции кои предизвикуваат зависност, така и со храната, со тек на времето ни требаат сè поголеми количини од тој тип на храна за да постигнеме смирувачко дејство.

Го прескокнувате вежбањето

Одењето во теретана е обврска која бара дисциплина, а кога се чувствуваме разочарано, тогаш повеќе сакаме да седиме дома. Студијата од 2014 година во списанието „Спортска Медицина“, покажува дека луѓето кои се под хроничен стрес се помалку активни во споредба со останатата популација.

Дури и малку вежбање може да помогне да се ослободите од стресот.

Пробувате да се смирите со алкохол

Чаша мартини сигурно ќе ве смири и ќе ве оттргне од црните мисли, но влијанието е краткотрајно и со можни последици. Доколку пиете за да го намалите стресот, размислете за тоа дека хроничниот стрес е документиран како ризичен фактор за алкохолизам и други зависности.

Дополнително, со алкохолот внесуваме непотребни калории.

Јадете од нога или додека работите

Доколку јадете додека работите на вашето работно место, најчесто нема ни да се сеќавате дека сте јаделе. Фокусирањето само на оброкот, на мирисот и вкусот на храната, помага да забавиме со јадењето, да го цениме оброкот, да уживаме во секое залче и да сме позадоволни.

Консумирањето на храна кога сме потполно свесни за тоа што го јадеме помага да јадеме побавно, да внесеме помалку калории и да знаеме кога сме сити.

Прескокнување на оброци

Прескокнувањето оброци нема да го намали внесувањето на калории. Студиите покажале дека луѓето коишто редовно прескокнуваат оброк имаат поголема стапка на дебелина од оние кои јаделе по три оброци на ден.

Кога сме под стрес бираме помалку здрава храна. Оние коишто прескокнуваат оброци, поретко одбираат овошје или други здрави опции како оброк, а почесто сакаат да јадат солена или процесирана храна и да пијат засладени пијалаци.

Главно средство за ослободување од стресот станува телевизорот и компјутерот 

Филмовите, видеата, социјалните мрежи можат да пружаат одредено олеснување од стресот и да бидат добар начин за опуштање, но премногу долго гледање во екранот има негативни последици на физичкото и менталното здравје.

Излежувањето пред телевизорот со часови, може да придонесе до зголемување на ризикот од хронични болести, вклучувајќи го тука и дебелеењето. Одржувањето на здрава телесна тежина може да го намали стресот, а придонесува и до намалување на ризикот од појава на дијабетес и срцеви болести.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg