Знаци кои покажуваат дека водата се задржува во вашето тело и како да се справите со тоа

Иако можеби многу почесто слушате за проблемот на дехидрација и недостатокот на вода во телото, сепак проблем може да биде и обратната ситуација.

5-znaci-deka-vodata-se-zadrzhuva-vo-vasheto-telo-i-kako-da-se-spravite-01.jpg

Понекогаш се случува, телото претерано да задржува вода во него, а тоа може да биде штетно како за здравјето, така и за убавината.

Секако, како и за сите останати проблеми, телото испраќа сигнали, па така постојат неколку знаци по кои може да познаете дека во телото има вишок вода.

Во продолжение погледнете како да препознаете и како да се справите со тоа:

Отечени нозе и глуждови

Долго седење во иста положба, или работно место кое бара долго стоење на нозе, недоволна физичка активност. Ова предизвикува отечени ное и глуждови, а може да искусите и болка и чувство на „тешкотија“ во нозете.

Симптомите се влошуваат ако мора да носите високи потпетици.

За да го намалите отокот, легнете на земја со нозете исправени нагоре и повторувајте го тоа неколкупати во денот. Правете одмор и одете на кратка прошетка од време навреме и носете поудобни чевли.

5-znaci-deka-vodata-se-zadrzhuva-vo-vasheto-telo-i-kako-da-se-spravite-02.jpg

Задржување на вода во делот околу стомакот

Покрај многуте причини, причина за ова може да биде и консумирање на таблети за контролирање на бременост кои содржат хормони, доколку сте во очекување на менструален циклус, или ако користите хормонска терапија.

Ако причината е менструалниот циклус, би требало да помине само од себе по неколку дена. Но, ако е поврзано со лекарствата, треба да го консултирате вашиот доктор за проблемите.

5-znaci-deka-vodata-se-zadrzhuva-vo-vasheto-telo-i-kako-da-se-spravite-03.jpg

Отечени нозе и абдомен

Дали често останувате без воздух и се чувствувате слабо и немоќно? Забрзаниот пулс и губењето воздух може да бидат причина за задржување на вода во телото, посебно во пределот на абдоменот.

Ако се појават овие симптоми без посебна причина на која може да се сетите, задолжително посетете го вашиот доктор, а во меѓувреме внимавајте на исхраната и намалете го внесот на сол.

Овие симптоми во комбинација со отечени нозе и стомак, може да бидат знак на проблеми со срце.

5-znaci-deka-vodata-se-zadrzhuva-vo-vasheto-telo-i-kako-da-se-spravite-05.jpg

Отечено лице (посебно во делот на очите)

Ако вашите вечерни оброци се состоеле од солени грицки, брза храна или нешто конзервирано, можно е тоа да е причината за отеченото лице следното утро.

Оваа состојба ќе помине сама од себе по некое време, но за да го забрзате процесот обидете се поздраво да се храните и да избегнувате многу солена и тешка храна, посебно навечер.

5-znaci-deka-vodata-se-zadrzhuva-vo-vasheto-telo-i-kako-da-se-spravite-06.jpg

Општи правила за справување со вишок вода во телото:

  • Одржувајте здрава исхрана и намалете ја количината на сол
  • Вклучете јаткасти плодови, банана, авокадо, цитрусни овошја и зелен зеленчук во исхраната
  • Држете ги стапалата кренати повисоко по напорен ден
  • Консултирајте се со вашиот доктор за сите невообичаени промени

5-znaci-deka-vodata-se-zadrzhuva-vo-vasheto-telo-i-kako-da-se-spravite-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg